Камила Кастело: Јадев само пет пати за целата бременост

Дали мислите дека би можеле да ја преживеете цела бременост само со 2-3 парчиња овошје и исто толку зеленчук? Наводно, токму тоа е на менито на мама Камила и нејзиниот партнер.

0
711

Камила Кастело и Акахи Рикардо се нарекуваат себеси „бретаријанци“, кои веруваат дека можат да живеат без храна и без вода, само од сонце, воздух и енергијата што не опкружува и повремени оброци кои вклучуаат овошје и зеленчук. Оваа мајка тврди дека во текот на бременоста јадела само пет пати. Но стручњаците предупредуваат дека приказната на оваа двојка е едноставно премногу сомнителна за да биде вистина.

Камила рекла дека во текот на бременоста јадела само пет пати, затоа што била уверена дека „космосот“ ќе ѝ овозможи се што им треба неа и на бебето. „Гладот беше непознато чувство за мене, живеев од светлината и не јадев речиси ништо. Знаев дека на мојот син ќе му биде доволна мојата љубов и дека таа ќе му обезбеди сигурен и здрав развој во мојата утроба“, рекла таа и додала дека редовно одела на лекарски прегледи на кои лекарот потврдил дека носи здраво дете.

Но стручњаците тврдат дека оваа мајка имала неверојатна среќа што родила здраво дете и го задржаа своето здравје. Како што тврдат тие, ова алтернативно движење веќе било поврзано со неколку смртни случаи па се убедени дека оваа двојка која практикува „бретаријанство“ и успева да го задржи своето здравје, или лажат за тоа или пак се лажат сами на себе за она што навистина консумираат.

„Бретаријанството е измама, а бретаријанците живеат во илузија“, рекла лекарката и нутриционистка Ди Доусон. „Секоја индивидуа со вишок килограми која доаѓа на операција ми вели: Докторке, не разбирам зошто не можам да ослабнам, а не сум јадел цела недела. Тогаш јас велам: А што јадевте за појадок? Tие велат: Само три парчиња леб. А за ручек? Само еден колбас и неколку компирчиња…и ако соберете, излегува дека тој ден изеле 2000 калории“.

Иако бретаријанците тврдат дека живеат од љубов и од светлина, постојат докази кои повеќе пати потврдиле дека не е баш така, токму како што новинарите кои пред неколку години го посетија домот на оснивачката на брехтаријанството, која е позната под името Јасмухен и нашле фрижидер полн со храна. Јасмухен тогаш признала дека пие сок од портокал и повремено грицка чоколадни колаченца за да добие чувство на вкус, а потоа ја опишала својата диета како живот без храна, но со повремено пиење на чај со мед и млеко од соја, чоколадо, супа и по некое парче овошје.

Треба да се спомене и дека Камила и Акахи нагласиле дека не ги тераат своите две деца да го следат нивниот животен стил и дека им е дозволено да јадат што сакаат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here