Карактеристики на близнаците

Иако родени во исто време, близнаците имаат различна личност, професии, па дури и физички изглед. Два најраширени типови на близнаци се еднојајчаните и двојајчаните. Првите се развиле од една јајце-клетка, а двојајчаните од две.

0
153

Иако родени во исто време, близнаците имаат различна личност, професии, па дури и физички изглед. Два најраширени типови на близнаци се еднојајчаните и двојајчаните. Првите се развиле од една јајце-клетка, а двојајчаните од две.

Еднојајчени близнаци
Кога оплоденото јајце ќе се развие во два ембриони, резултат се еднојајчени близнаци. Овие близнаци имаат еднакви гени и честопати се од исти пол. Иако делат иста ДНК, надворешните фактори и други влијанија со текот на времето им ја менуваат генетиката. На пример, кога при посвојувањето близнаците ќе се раздвојат, тие ќе раснат во поинакви услови кои ќе предизвикаат кај нив промени. Но голем број близнаци делат ист IQ.

Двојајчени близнаци
Иако се родиле во исто време, не се идентични и не мора дури ни да бидат од ист пол. Во случај на двојајчени близнаци двете јајца се оплодени со два различни сперматозоиди. Тие во ретки случаи делат и исти хромозоми. Можат да делат дури 50% од своите гени. Двојајчените близнаци можат да изгледаат идентично, но тие не се класифицираат како идентични.

Полуслични близнаци
Бројот на полу-слични близнаци е мал. Тоа се случува кога еден близнак ги презема гените од мајката, а другиот од таткото. Тие моижат да изгледаат слично, но и не мора. Исто така, не мора да бидат од ист пол.

Сијамски близнаци
Еднојајчените близнаци кои не се раздвоиле во целост се сметаат за споени или сијамски близнаци. Тоа се случува кога јајцето нема да се одвои во целост. Сијамските близнаци се делат во пет групи во зависност од тоа во кој дел се споени телата. Најчести се thoraco-omphalopagus (кога телата на близнаците се споени со градите). Овие близнаци можат да ги делат срцето, црниот дроб или некои други органи во стомачната празнина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here