Картички за полесна комуникација на децата со аутизам

Картичките се направени според PECS системот што овозможува олеснување на комуникацијата за децата кои имаат потешкотии со говорењето.

0
1227

„Децата за деца“ е хуманитарната акција на Француското интернационално училиште преку која се обезбедија едукативни картички наменети за децата во Дневниот центар за деца со аутизам. Картичките се направени според PECS системот што овозможува олеснување на комуникацијата за децата кои имаат потешкотии со говорењето. На овој начин ќе може да ги искажат своите основи потреби.

– Навистина сме среќни што имавме можност преку акцијата „Децата за децата“ да помогнеме на Дневниот центар за деца со аутизам. Со овие картички се надеваме дека ќе го олесниме секојдневието децата до Центарот, но исто така ќе се обидеме и со други активности да бидеме активни. Поради тоа нашите ученици направија посебна изложба за своите другарчиња – изјави Жан Франсоа Ле Рок, Претседател на Управниот одбор на училиштето.

Дневниот центар за деца со аутизам започна со работа пред две години, има капацитет за згрижување на 15 деца на возраст до 18 години. Во него се вклучува и вонинституционална заштита на децата и младинците со аутизам, како и развој на социјалните вештини преку преку едукативни работилници.

– Би сакале да искажеме благодарност до училиштето. За нас секој донација и секоја идеја е добредојдена. Во овој свет на посебности важно е да се најде човечкото во секој нас и да се помогне. Поддршка ни е потребна, бидејќи сакаме да помогнеме на што повеќе деца кои се соочуваат со проблеми со социјална инклузија – изјави Бојана Стоилковски, заменик координатор на Дневен центар за деца со аутизам.

Француското интернационално училиште и во иднина ќе организира хуманитарни настани да допринесе во општеството во која директно ќе ги вклучува учениците.

loading...