Кеш за деца

Еден мал град во Јапонија двојно ја зголемил стапката на фертилитет. Изгледа дека субвенционирањето на родителството прави чуда

0
90

Со разноликите куќи сместени во подножјето на една планина, Нагичо изгледа како обичен јапонски град. Но ако дојдете тука ќе видите нешто необично што го издвојува: тоа се бебињата.

Јуки Фукуда е една од многуте локални мајки со три деца. Заоблениот стомак под нејзиниот зимски капут укажува на тоа дека на пат е уште едно, дел од бебињата чиј број е двојно поголем од 2005. година до сега.

Не изненадува тоа што новинарите се упатиле во овој далечен агол од земјата за да видат дали има нешто во водата што тече надолу од планината Наги, а ја поттикнува плодноста. Но изгледа дека причината е попрозаична: економијата.
Загрижени поради недостатокот на деца, локалните власти ги зголемиле стимулациите за бебињата. Стапката на фертилитет се зголемила од 1,4 (што значи дека просечната жена ќе има 1,4 деца во нејзиниот живот, приближно до националната стапка) на 2,8 во 2014. година.

Г-ѓа Фукуда ќе добие подарок од 300.000 ¥ (3.530 долари) кога ќе се породи. Субвенционираната услуга за чување на бебињата е достапна за само 1.800 јени дневно, заедно со субвенционирани колички и други додатоци за бебиња. Кога нејзините деца ќе стасаат до средно училиште, таа ќе добие 90.000 ¥ годишно за секое што ќе оди во училиште.

Во теорија, оваа стипендија е наменета за да ги покрие трошоците за привлекување на децата во училиште, особено за луѓето кои живеат релативно далеку. И додека обично сите, освен најсиромашните и старите во Јапонија, треба да платат 30 отсто од сметките за здравствена заштита (со тоа што националната влада ги презема останатите), во Нагичо локалната власт плаќа 30 отсто за децата.

Другите решенија се уште покреативни. Градот се потпира на волонтерска мрежа за да помогнат да останат отворени двете родилишта. Бизнисите кои се преселуваат во градот добиваат земјиште без надоместок – гест што привлекол најмалку три компании од 2014 година, вели Јошитака Кумагаи, претставник од локалната власт. Градот исто така нуди реновирани или новоизградени станови и куќи за изнајмување по субвенционирани цени.

Г. Кумагаи инсистира на тоа дека сето ова додало само 1 отсто во годишниот буџет на градот од 48 милијарди ¥ („трошењето на децата“ е 3 отсто од буџетот, делумно затоа што образованието и здравствената заштита се во најголем дел, одговорност на националната влада).

Како и илјадници други населени места низ Јапонија, градот беше очаен, вели тој: Нагичо изгуби една третина од населението од 1955 година, а една третина од 6.100 жители, кои остануваат, се над 65 години. „Ние се обидуваме да ја задржиме бројката на 6.000 луѓе “, вели тој.

Дилемата на градот се повторува низ целата земја. Смртните случаи ги надминаа раѓањата со рекордни 300.000 во 2016 година; владините проекции велат дека населението од 127 милиони би можело да опадне за една третина во текот на следните 50 години.

Премиерот Шинзо Абе вети дека ќе ја зголеми стапката на фертилитет на 1,8. За таа цел, голем дел од пакетот за трошење во висина од 2 отсто, одобрен од страна на Кабинетот минатиот месец, е наменет за образование и згрижување деца.

Може ли Нагичо да се преслика на друго место? Хироко Каихара, која пред три години се преселила во градот со своите три деца и работи во една од градинките, не мисли дека може. Има бавноста во животот која е атрактивна, вели таа, како и чувство за заедница. „Мајките се чувствуваат безбедно да имаат повеќе деца; не е лесно да се создадат тие услови“.

Парите помагаат, признава таа, но тоа не е главната причина. Можеби навистина има нешто и во водата, вели госпоѓа Фукуда.

loading...