Кога е детето доволно зрело за да му купите паметен телефон?

Мобилен телефон не би требало да му се дава на детето пред осмата година заради неразвиеноста на детските органи и зголемениот ризик од тумор на увото и мозокот.

0
298

На социјалните мрежи се почесто кружат фотографии на деца и млади во друштво со своите „паметни телефони“, можеби и повеќе отколку што се во друштво со врсниците. Каде и да се фотографирани, децата се позаинтересирани за екраните отколку за околината. Затоа е време да се постави прашањето, кога е вистинскиот момент на детето да му се купи мобилен телефон? Дали се мобилните добри за децата и на која возраст треба да ги израдувате со оваа „играчка“? Како и сета останата технологија, мобилните телефони имаат свои добри и лоши страни, во зависност од тоа како се користат.

Јас го немав тоа на твои години

Ова е аргумент кој родителите го користат кога се обидуваат да им објаснат на децата дека не е вистински момент за да добијат мобилен телефон. Дали на овој начин се обидуваат да ги прикријат своите стравови за здравјето на децата кое може да биде загрозено од прекумерната употреба на оваа направа? Добронамерните совети се секако втемелени на научни истражувања, но родителите не ги земаат предвид и добрите страни од употребата на телефоните. Во Велика Британија четвртина од децата на возраст помеѓу седум и десет години имаат мобилен телефон, што е двојно повеќе отколку во 2001.година, ги пренесува Гардијан резултатите од истражувањето. Токму мобилниот телефон на списокот на желби за роденденски подарок – е број 1. Од 1973.година кога е произведен првиот телефон, од година во година е усовршуван и тоа е, без оглед на видот, еден од најпродаваните производи. Не е потврдено дека телефоните претставуваат здравствен ризик, но се препорачува нивната употреба да им се ограничи на децата.

„Мобилните телефони се премногу нова технологија за да може научно да се обработат здравствените ефекти од неговото долгорочно дејство“, потсетуваат од британскиот Национален комитет за заштита од радиолошкото зрачење. Од Националниот одбор за радиолошка заштита на Америка не се согласни со овој став.

„Мобилен телефон не би требало да му се дава на детето пред осмата година заради неразвиеноста на детските органи и зголемениот ризик од тумор на увото и мозокот“, потврдило нивното истражување.

Студиите се усогласени по прашањето на тврдењето дека електромагнетните бранови од мобилните телефони продираат во човечкото тело, посебно во мозокот. Како тогаш да им се објасни на децата дека телефоните не се најдобрата играчка?

Но, другите деца веќе имаат!

Ова е реченицата која најчесто може да се чуе како образложение зошто токму сега треба да му купите телефон на своето дете. Додека со молежлив глас и тажни очи ви објаснува дека сите, ама баш сите негови врсници имаат телефони, не е лесно да му се одолее. Но притисокот на врсниците и околината никако не треба да бидат довона причина веднаш да одите и да му купите „паметен телефон“ кој ќе ги задоволи потребите на детето. Но не треба да се заборават  ниту добрите страни од користењето на мобилните телефони. Олеснета е комуникацијата особено ако често патувате или останувате до доцна на работа, а можете и полесно да ги контролирате децата. И уште некои други позитивни нешта, како аларм, календар, потсетник, пристап до информации (што од друга страна може да биде и опасно), и слично.

Работа на престиж или потреба

Едно од прашањата кои се поставуваат во дебатите за корисноста од овие уреди е и тоа дали нивното поседување е потреба или престиж. До пред неколку години работа на престиж, а денеска ретко кој нема мобилен телефон. Предничат Црногорците, кои според официјалните статистики имаат дури по два. Тешко е да се прецизира кога се децата подготвени да ја преземaт одговорноста за користење телефони. Се наметнува и прашањето за зависноста и се почестите фобии поврзани со нив, но едно е сигурно – без нив, животот во 21 век е тешко замислив.

loading...