Што е меѓународен ден на мајките?

За разлика од меѓународниот Ден на жената, кој во целиот свет се слави на 8.март, денот на мајката во различни земји се слави на различен датум.

0
1821

Во последно време многу се зборува за Денот на мајките и на многумина не им е јасно од каде сега покрај 8.Март, се појави и Денот на мајките.

Всушност, не станува збор за нов празник. Овој ден има свои корени во англиското и американското движење на жените, а за негов оснивач се смета Американката Ана Мари Џарвис која за првпат го организирала во Графтон, на 12.мај 1907 година, во спомен на нејзината покојна мајка. Со 500 бели каранфили таа ја изразила својата љубов кон починатата мајка и им ги поделила каранфилите во локалната црква на другите мајки.

Џарвис се посветила на иницијативата за оснивање на службен државен празник во чест на мајките, пишувајќи им писма на политичарите, свештениците и женските задруги. Веќе во 1909 година мајките го празнувале Денот на мајките во 45 држави во САД, а американскиот претседател Вудроу Вилсон во 1914 година го прогласил Денот на мајките за национален празник. Недолго потоа, Денот на мајките почнал да се празнува и во Англија, а потоа и во други европски држави и воопшто, во светот.

Оснивачката на Денот на мајките, набргу станала противник на комерцијализацијата на овој Ден кој го замислила како ден кога треба да се покажат чувствата и благодарноста кон мајките, а не да се заработи на тоа. Цвеќарите, продавачите на честитки и другите „профитери“ ги нарекувала „бандити кои со својата алчност го поткопуваат најблагородниот празник“.

Кај нас Денот на мајката нема голема традиција, но веруваме дека мајките и без него секојдневно се опсипувани со милиони ситни слатки нешта од нивните деца кои ги прават среќни.

loading...