Кога може да дојде до фебрилни конвулзии (фрас)?

Фебрилните конвулзии се напади кои се јавуваат кај одделни деца кои имаат висока температура или грозница проследена со висока температура. Оваа состојба најчесто ги погаѓа децата помеѓу шестиот месец и петтата година од животот.

0
882

Фрас се јавува обично првиот ден од болеста, кога температурата ќе помине 38° C. Иако оваа состојба изгледа застрашувачи за родителите, фебрилните конвулзии обично опрестануваат сами после неколку минути, а не предизвикуваат никакви други здравствени проблеми.

Кои се симптомите?

Грчење на рацете и нозете
Отежнато дишење
Несвестица

Што треба да направите?

Ако мислите дека вашето дете има фрас, обидете се да останете мирни и не кревајте паника. Направете го следното:

Проверете дали е вашето дете на место од кое не може да падне и да се удри
Ставете го детето на страна
Внимавајте на дишењето, а следете ја и бојата на лицето на детето (да не почне да посинува)
Обидете се да следите колку долго трае нападот
Повикајте го вашиот педијатар кога нападот ќе заврши и побарајте ги од него следните инструкции

Кога е потребно да повикате итна помош?
Задолжително викнете брза помош ако вашето дете:

1. Има напад кој трае повеќе од 10 минути
2. Ако посини или посиви
3. Ако почне да повраќа во текот на нападот
4. Ако детето почне да се гуши

Мерки на превенција

Се уште не е познато зошто некои деца добиваат фрас, а некои не. Исто така, фрасот не може да се предвиди, па доколку вашето дете има висока температура, задолжително дајте му парацетамол или бруфен и туширајте го со млака вода додека температурата не се намали.

loading...