Кога треба да побарате помош од доктор?

Нормално е како неискусни родители да се загрижите ако вашето бебе не се чувствува добро. Еве неколку ситуации кога таа грижа е оправдана и кога треба да се обратите кај лекар.

0
594

Покачена температура

Иако покачената температура е знак дека е бебето болно, не треба да ве плаши. Бебето може да има благо покачена температура, а да е сериозно болно и обратно – може да има висока температура а да не станува збор за ништо сериозно. Бебињата помлади од три месеци треба да се носат на лекар доколку е температурата над 38°C. Постарите бебиња со температура до 38.5°C е се добро расположени, следете ги, па однесете ги на лекар ако се појави уште некој симптом.

Лош апетит

Лошиот апетит не мора автоматски да значи и болест затоа што апетитот варира од ден во ден. Вие најдобро го знаете вашето бебе па ако ви се види дека бебето лесно ви се уморува од цицањето или е целосно незаинтересирано за храна, а вие проценувате дека би требало да е гладно, е веројатно болно. Ако забележите дека повраќа почесто од инаку или содржината е со зеленкаста боја, одете на лекар.

Промена на расположението

Доколку расположението на бебето е вообичаено, си игра, весело е и убаво јаде, веројатно не е ништпо сериозно. Ако на бебето му тече носето, раздразливо е, нерасположено и невообичаено мирно, одете на лекар.

Невообичаено плачење

Ако одненадеж бебето почне да плаче повеќе од вообичаено и ако не можете да го утешите, одете на лекар.

Невообичаена столица

Малите бебиња, особено оние кои се доени, често имаат мека или течна столица. Ако столицата стане посебно течна, можно е бебето да има диареја. Следете што се случува и дали диарејата продолжува. Надојте ја или дајте и нешто за дохранување малку почесто за да не дехидрира. Бебето би требало да мочка најмалку шест пати дневно, а тоа е добар знак дека е добро и дека сте му обезедиле доволна количина на храна.

Отежнато дишење

Ако бебето дише тешко, веднаш обратете се кај лекар.