Кои активности треба да се избегнуваат за време на бременоста?

Активноста во бременоста е многу важна, но постои опасност некои видови на активности лошо да влијаат на вашата бременост. Станува збор за потешките физички активности кои го зголемуваат оптоварувањето на вашиот стомак

0
2180

Во текот на бременоста треба да се избегнуваат потешките физички активности кои го зголемуваат оптоварувањето на вашиот стомак. Причина за ова е што секоја ваша физичка активност има влијание врз вашето дете. Активноста е многу важна, но постои опасност некои видови на активности лошо да влијаат на вашата бременост. Еве што треба да избегнувате:

Избегнувајте носење на тешки предмети затоа што никогаш не се знае како ќе влијае тоа врз вашата моментална состојба. Наглото кревање на тешки предмети може да биде погубно за вашата бременост, затоа бидете трпеливи и претпазливи.

Не се препорачливи спортови со непосреден контакт како што се ракомет, фудбал и кошарка.

Возењето велосипед не е најдобра идеја ако сте бремени, особено ако возите само повремено. Имено, доколку се занимавате професионално со велосипедизам, тогаш можете да возите до второто тромесечје, затоа што вашиот стомак може да ви ја поремети рамнотежата. Наместо возење велосипед, пешачете.

Ако одите на зимување додека сте бремени, треба да го избегнувате скијањето затоа што постои сериозна опасност од падови и повреди.

Забавните паркови не се вистинско место за трудници па избегнувајте возење во нив затоа што наглите забрзувања и забавувања можат да му наштетат на вашето дете.

Хидромасажните кади и седењето во сауни може да биде многу опасно за правилниот развој на вашето бебе. Имено, прегревањето на телото се поврзува со можноста да го изгубите плодот или пак детето да се роди со некаков облик на дефект.

Денеска постојат различни курсеви за бремени жени и нивните тренери знаат кои се можностите на трудниците, но и тогаш не заборавајте дека сепак вие најдобро знаете како се чувствувате и самите создадете си динамика за вежбање. Секоја бременост е индивидуална, но ако се чувствувате добро, препуштете се и уживајте во бременоста.

loading...