Кои се предностите на лудите години?

Пубертетот и тинејџерите речиси секогаш се споменуваат во контекст на лудувањето на хормоните и тинејџерските проблеми

0
124

Многу ретко размислуваме за сите предности на таканаречените луди години. На родителите им е вистински предизвик да излезат на крај со децата во пубертет затоа што тие упорно сакаат да бидат, да изгледаат и да се однесуваат како возрасни. Иако не е лесно да се најде заеднички јазик, еве пет факти заради кои можеби ќе почнете да гледате поинаку на своето дете.

Стануваат самостојни

Вашето дете расте, не е повеќе бебе кое безусловно ќе ве слуша и ви се допаѓало тоа вам или не, станува самостојно. Лудо е да се очекува дека во текот на растењето нема да греши, вие сте тука да му помогнете ако забележите дека оди во погрешна насока. За сите помали грешки дозволете му на детето да учи од своето искуство. Впрочем, како што стануваат посамостојни ќе можете повеќе да се потпирате на нивната помош.

Прилично се духовити

Доволно се млади и невини затоа што се уште не се запознале со се она што е лошо на светот, а се доволно возрасни за да можат да коментираат и да се шегуваат со секојдневјето. Сигурно ќе се најдете во ситуација кога ќе ве насмеат до солзи.

Се уште ве слушаат

Ако ја изземеме пубертетската бунтовност која е сосема нормална, иако детето расте, тоа се уште ги слуша вашите совети и смета на вас. Кога подобро ќе размислите, тоа е одлично. Детето ве почитува дури и кога не се согласува со она што сте го кажале или направиле, иако тоа нема да ви го признаат.

Тоа е се уште вашето дете

Иако пријателите му стануваат се поважни во животот, се уште можете многу работи да направите заедно. Не го принудувајте детето на разговор. Секогаш постои поголема шанса да ви се отвори низ неврзан разговор додека се забавувате, отколку ако го седнете и почнете со него сериозен разговор.

Можете да сметате на неговата помош

Без оглед дали станува збор за домашни обврски, за волонтирање на некои хуманитарни проекти или само за прегратка, можете да сметате на вашето дете. Во овие години се доволно големи за да ви помогнат околу вечерата и притоа да водат со вас интересен разговор.

Совет кој секогаш пали со тинејџеритe: Не им наредувајте да направат нешто, туку замолете ги и прашајте дали би можеле да ви помогнат.

loading...