Кои се проблемите што повеќето тинејџери не ги споделуваат со родителите?

Тинејџерските проблеми не се безопасни, а вие никогаш не можете да бидете сигурни што точно мисли вашиот тинејџер, особено кога станува збор за чувствителните теми како што се стресот, училиштето и сексот.

0
227

Во повеќето случаи родителите воопшто не знаат што мислат нивните тинејџери а кога ќе се обидат да им се обратат тие или се затвораат во соба или превртуваат со очите. Еве кои се проблемите кои тинејџерите најчесто не ги споделуваат со своите родители.

Прва на листата од тинејџерски проблеми е нивната потреба за приватност. Ако сте во можност обезбедете му на вашето дете катче само за него, затоа што дури и да не сте го слушнале досега од вашето дете она: „Ми треба приватност“, бидете сигурни дека е тоа така само затоа што се плашат од вашата реакција. Обидете се да му верувате, не влегувајте во неговиот простор без да чукнете или доколку немате некоја конкретна причина.

Она што вашиот тинејџер нема да ви го каже е дека сака само да го сослушате, без приговарање. Тоа е една од главните причини зошто повеќето деца не зборуваат за чувствителните теми со своите родители, иако би сакале да можат.

Кога станува збор за тинејџерската љубов, повеќето родители се многу строги и затоа тинејџерите во повеќето случаи излегуваат со врсниците, се дружат, а сето тоа без знаење на родителите. Обидете се да се опуштите кога станува збор за излегување со девојка/момче. Во секој случај, подобро е да знаете отколку да живеете во заблуда.

На четврто место на оваа листа се лошите оценки, кои тинејџерите често ги премолчуваат. Прилината е повторно стравот од лоша реакција на родителот. Не кревајте паника заради една двојка, дозволете му да ви каже во што е проблемот, дали му е тешко да го совлада мматеријалот. Кажете му дека не е крај на светот, но дека очекувате од него повеќе да се труди.

На петто место е секако најскокотливата тема и за родителите и за тинејџерите – сексот. Истражувањата покажале дека речиси половина од тинејџерите не сакаат да им кажат на родителите за своето прво сексуално искуство што е многу загрижувачки. Поттикнете го вашето дете да зборува со вас за се што го интересира и не правете од мувата слон. Сетете се какви бевте вие на негови години. Подобро е вашиот тинејџер да научи од вас се за заштитата и за полно преносливите болести отколку преку интернет.

loading...