Kojа е најважната храна за развој на мозокот на бебето?

Исхраната на детето во првите две години е апсолутно критична како за развојот на мозокот, така и за неговото идно здравје. Еве што му треба

0
192

Храната што ја јаде вашето бебе во првите две години од животот (и хранливите материи што ги прима за време на бременоста) имаат силно влијание врз неговото здравје и развој. Според Американската академија за педијатрија, постојат одредени хранливи материи кои се особено критични – и нивниот недостаток може да има доживотни последици. Меѓу овие хранливи материи спаѓаат железо, цинк, бакар, холин и витамин Д.

Исхраната на рана возраст не само што може да влијае на ризиците од развој на дебелина, висок крвен притисок и дијабетес во детството и зрелоста, но првите две години се најважниот период за развој на мозокот, вклучително и областите што контролираат меморија, обработка, планирање и внимание. Според Академијата, недоволното внесување на клучни хранливи материи може да доведе до дефицит во функцијата на мозокот што не може да се поправи. Всушност, несоодветната исхрана во текот на првите две години е поврзана со понизок коефициент на интелигенција, проблеми во однесувањето и пониски училишни перформанси.

„Истражувањата во оваа област стануваат важни“, вели др. Сара Џејн Шварценберг, професорка по педијатрија на Универзитетот во Минесота и една од водечките авторки на овој труд. „Навистина можеме да го подобриме здравјето на децата со тоа што ќе обрнеме внимание на исхраната на долг рок.

Многу доенчиња постари од шест месеци не добиваат соодветни количини на цинк, железо и витамин Д. Затоа е важно да се обезбеди дека бебињата ги добиваат овие хранливи материи преку цврста храна.

Овие хранливи материи се особено важни за раниот развој на мозокот. Еве во кои намирници ги има:

Протеини: месо, живина, риба, јајца, јогурт, грав, житарици
Цинк: говедско, свинско, млеко, тофу, грав, путер од кикирики
Бакар: печурки, школки, цели зрна, грав, компир
Железо: говедско, пилешко, риба, збогатени житни култури, спанаќ, грав
Селен: туна, пилешко, збогатени тестенини, јајца, кафеав ориз
Холин: говедско месо, живина, јајца, бела риба, лосос, грав
Фолна киселина: Спанаќ, сок од портокал, ориз, авокадо, леб од цели зрна
Јод: Бакалар, кујнска сол, млеко, ракчиња, јајце, конзервирана туна
Витамин А: Слатки компири, моркови, манго, јајца, млеко
Витамин Д: лосос, туна, млеко, сок
Витамин К: Спанаќ, кељ, брокула, грашок, боровинки
Витамин Б6: житарици, наут, банани, компири, путер од кикирики
Витамин Б12: житарици, лосос, млеко, говедско, јогурт, сирење
Полинезаситени масни киселини со долг синџир: риба, масло од репка, семе од лен, сончогледово масло
Запомнете дека млекото или „не-млечното3 млеко не се препорачуват како примарен пијалок за деца под една година. Држете се до мајчиното млеко или формулата, иако другите млечни производи како јогурт и сирење се во ред. Исто така е во ред да се користи малку млеко за готвење или печење.

Фото: Pexels

loading...