Кој сладолед може, а кој не треба да им го купувате на децата?

Некогаш се подразбираше сладоледот да се прави од млеко, јајца и путер, а денеска, ако баш мора, купувајте им на децата крем сладолед, а никако сладоледен или замрзнат ароматизиран десерт

0
970

Денеска сладолед може да се прави од се и сешто со таа разлика што ако  не е од млеко и путер не може да се вика сладолед туку десерт. Обрнете внимание на ова кога ја читате декларацијата, вели прехранбениот технолог Радмила Гајиќ-Ѓорѓевиќ која била вработена во фабрика за производство на сладолед, за еден српски блог.

Според неа, постои правилник кој вели дека сладоледот е заблажен производ добиен од протеини и емулгирани масти со додаток на адитиви во количини кои мораат да ги задоволат критериумите пропишани од Правилникот за квалитет на сладоледот. Тоа пак значи дека денеска на пазарот се присутни сите можни деривати на млеко, односно, протеини на млеко, казеин, млечна маст од млекото итн., но исто така се присутни и протеини од растенија, како на пример, од соја, па растителни масти од разни билки. Најзастапена во производството на сладоледи е палмината маст. Такашто денеска сладоледите се прават со комбинација на сите погоре наведени елементи во такви односи кои ќе ги задоволат барањата на Правилникот.

Не е лошо, советува технологот, да се прочита декларацијата на производот, а самиот назив на производот исто така зборува за каков производ станува збор. Обрнете внимание, затоа што не е исто кога пишува сладолед и кога пишува десерт.

Во зависност од тоа од кои сировини е направен сладоледот ги имаме следните типови на сладолед:

  1. Млечен сладолед, кој содржи минимум 2,5% млечна маст во сувата материја на млекото, најмалку 6% безмрсна сува материја на млекото и најмалку 24% вкупна сува материја. Не смее да содржи растителни масти ниту растителни протеини.
  2. Крем сладолед, кој содржи минимум 5% млечни масти, 6% безмасна сува материја на млекото и минимум 30% вкупна сува материја. Исто така не смее да содржи растителни масти ниту растителни протеини. Се препорачува, ако веќе им купувате на своите деца, тоа да биде крем сладолед.
  3. Сладоледен десерт, кој содржи минимум 2,5% млечна или растителна маст и најмалку 24% вкупна сува материја и може да содржи млечни или растителни протеини. Ова, вели технологот, таа не би му го купила на своето дете.
  4. Замрзнат ароматизиран десерт, тоа е производ кој содржи вода, шеќер, ароми, бои и додадени состојки. Ниту случајно не им го купувајте на децата, советува таа.
  5. Замрзнат овошен десерт е производ кој содржи вода, шеќер, бои, ароми и други додадени состојки (практично, тоа е замрзнат освежителено но негазиран пијалок) но мора да содржи минимум 5% овошје или соодветна количина преработки од овошје.

Рецептот за вистински домашен сладолед од јајца, путер и млеко ќе го најдете тука.

[better-ads type='banner' banner='999' ]