Која е главната разлика меѓу мајчиното и адаптираното млеко!

покрај сите хранливи состојки во својот состав, во мајчиното млеко се наоѓаат и некои живи материи, како што се леукоцитите кои служат за да овозможат имунолошка одбрана на бебето кое цица.

0
2121

Оние кои не можат да ги дојат своите деца мораат да се задоволат со тоа што ќе ги хранат со адаптирано млеко, но оние кои можат и имаат доволно млеко, а се двоумат поради некои други помалку важни причини од здравјето на децата, не е лошо да размислат. Имено, покрај сите хранливи состојки во својот состав, во мајчиното млеко се наоѓаат и некои живи материи, како што се леукоцитите кои служат за да овозможат имунолошка одбрана на бебето кое цица. Исто така, во составот на мајчиното млеко се наоѓаат и одреден број на лактобактерии, од кои се развива нормалната цревна флора кај бебето.

Неодамнешните истражувања откриваат дека матичните клетки исто така се дел од составот на мајчиното млеко, а во помала количина тука се и хормоните.

Без разлика на тоа колку технолошки добро е направено и колку хранливи компоненти се дел од неговиот состав, адаптираното млеко не ги содржи овие живи материи кои се составен дел од мајчиното млеко.

Токму ова се смета за важна и непремостлива разлика и поради тоа ниту едно адаптирано млеко не може во целост да го замени мајчиното млеко.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here