КОЈА ПОЛОЖБА Е НАЈДОБРА ЗА БЕБЕТО ДА ЖДРИГНЕ?

0
2542

Новороденчињата имаат несозреан дигестивен систем и потребна им е помош. Дел од помошта е да му помогнете даждригне, за да излезат меурчињата воздух, кои ги голтнало за време на хранењето. Погрижете се бебето да ждригне после хранење. 

Ждригнувањето е важен дел од хранењето на бебето. Додека цица, бебето голта значајни количини воздух што може да му создаде непријатност предизвикано со подуеност. Бидејќи тој воздух не би му пречело на бебето тоа задолжително по цицањето треба да ждригне. Во текот и после секое хранење на бебето треба да му го истиснете непотребно наталожениот воздух.

Бебињата кои се хранат со шише би требало да ждригнат после 50 испиени грама односно 5 минути, а бебињата кои цицаат треба да ждригнат после секоја дојка.

Обидете се да го држите исправено и да го галите по грбот. Можете и да го држите над вашето рамо и да го галите по грбот, секогаш внимавајки да ја потпирате главата и вратот.

КОЈА ПОЛОЖБА Е НАЈДОБРА ЗА ЖДРИГНУВАЊЕ?

Постојат три начини на кои бебето би можело да ждригне, а вам и на вашето бебе е да ја изберете најдобрата.

НА РАМЕНИЦИ

Ждригнувањето на рамо дава најдобри резултати кај повеќето бебиња. Бебето треба да стои потпрено на вашето рамо. Со едната рака ќе го потпирате под газето додека со другата ќе го тапкате по грбот. На рамото ставете памучна пелена за да се заштити облеката од повратеното од бебето.

ИСПРАВЕНО ВО СЕДЕЧКА ПОЛОЖБА

При овој зафат придржувајте го вратот на бебето со раката, а бебето ставете го да ви седи во скутот. Со раката придржувајте го градниот кош на бебето држејќи го под пазувата, додека главата треба да му биде наведната кон напред. Потапкајте го или потријте го по грбот водејќи сметка главата на бебето да не падне наназад.

СО ЛИЦЕТО НАДОЛУ

Свртете го бебето со лицето надолу и ставете го да ви лежи во скутот.

loading...