Колку е ризично татковството во позрели години?

Постојано слушаме дека е за жените ризично да станат мајки кога се во позрели години, но дали знаете со какви ризици се среќаваат мажите?

0
400

Кога се зборува за биолошкиот часовник кој неумоливо отчукува се мисли на ените и на нивната репродуктивна способност. Но што е со мажите? Знаете ли со какви ризици се соочуваат мажите ако посакаат да засноваат семејство во поодминати години? Факт е дека повеќето мажи стануваат татковци во позрели години. Причината е едноставна – нивната плодност со годините не опаѓа толку како кај жените и тие можат да имаат биолошки деца без потреба од интервенција на технологијата.

Сепак, постојат многу прашања за тоа колку е ризично да се стане татко на позрели години.
Кога една брачна двојка ќе се одлучи на ин витро оплодување постои можност таа да не успее затоа што потенцијалниот татко е во позрели години.

Од 2000.до 2014.година, истражувачите на Харвард анализирале околу 19.000 циклуси извршени на 7753 двојки, ги поделиле мажите и жените според годините и го споредиле бројот на години со успешните раѓања на деца зачнати со ин витро.

Најмалку успешни бремености имало кај двојките кадешто е ената на возраст од 40 до 42 години. Во тие случаи, животната доба на мажот не влијаела на резултатите. Меѓутоа, ако жената била помлада од 40 години можноста за успешна бременост преку ин витро оплодување била помала ако мажот бил во постаро животно доба. На пример, жените помлади од 30 години и мажите на возраст од 40 до 42 години не успеале да добијат деца.

Од друга страна, повеќето жени на тие години успешно ја изнесле целата бременост до крај во случаи кога нивните партнери биле помлади. Истото важело и за жените од 35 до 40 години чии партнери имале помалку од 30 години.

Во 2014.година во Шведска било направено истражување кое покажало дека мажите постари од 45 години имаат поголем ризик да добијат дете со шизофренија, аутизам и разни психички пореметувања. Ризикот е многу мал, помал од 1% за одредени услови, но се пак постои.

За да се објасни врската помеѓу менталните заболувања и возраста на таткото, истражувачите укажувале на мутациите кои се акумулираат во ДНК на спермата со стареењето на мажите, а тоа е нешто што нивните синови и ќерки можат да го наследат. Докторката Мери Сампласки, специјалист за машко оплодување на Универзитетот „Keck Medicine“ во Јужна Калифорнија тврди дека не постојат генетски тестови за аутизам и шизофренија. Меѓутоа, истражувањето кое го правеле во „Nature Genetics“ покажало дека спонтаните мутации во ДНК на спермата не се највиновни за се поголемиот број на психијатриски болести, туку дека за тој ризик можат да придонесат и гените, но и тие во многу мал процент – од 10 до 20 отсто.

Сепак, менталните болести не се поврзани само со постарите татковци – и помладите се изложени на тој ризик. Некои истражувачи тврдат дека фокусот на мутациите може да биде диверзија. Анторите на истражувањето во „Nature Genetics“ сметаат дека татковците со наследни ментални болести е поверојатно дека можат даа им ги пренесат на своите деца отколку мажите во постаро животно доба.

За татковството во позрели години се врзуваат уште некои здравствени состојби. Една од нив е детето да има ахондроплазија, односно, да не порасне многу. За тоа постои генетски тест. Некои доктори сметаат дека спермата на постар маж може да има и предности во однос на подолги теломери. Станува збор за вид на хромозоми кои ја штитат ДНК додека се копира. Многу научници веруваат дека подолгите теломери означуваат долговечност, но се уште нема точни податоци кои би докажале дека децата од постари родители живеат подолго.

loading...