Колку пати треба да имате секс за да забремените?

Во просек, потребно е да поминат 185 денови од моментот кога двојката ќе одлучи да има дете до позитивен резултат на тестот за бременост, односно, 6 месеци и 3 дена

0
1407

Двојките кои се обидуваат да направат бебе имаат во просек секс 13 пати месечно, а најпопуларна поза која ја користат е мисионерската и неа ја практикуваат три четвртини од двојките.

Сепак, само третина од двојките, според резултатите на неодамна спроведеното истражување, „забремениле“ во првиот месец, додека на петина од нив им биле потребни помеѓу една и три години.

„Изгледа дека бројот 13 сепак не е толку несреќен затоа што токму толку пати, двојките кои сакаат да направат бебе имаат секс во текот на месецот, а во просек, вкупно имале секс 78 пати“, изјавил Сјобан Фригард, оснивач на сајтот ChannelMum.com кој го спровел ова истражување.

Резултатите од истражувањето кое вклучувало 1.194 двојки покажало дека 10 отсто имале секс 15 до 20 пати месечно, додека еден од 10 двојки имале секс речиси секојдневно за да добијат бебе.

Речиси 5 отсто од двојките имале секс само еднаш месечно, но и покрај тоа успеале да „забременат“.

loading...