КОЛКУ СМЕЕТЕ ДА СЕ ЗДЕБЕЛИТЕ ВО БРЕМЕНОСТА?

0
623

Трудниците секојдневно се бомбардирани со податоци за тоа што смеат, а што не да прават или да јадат додека го исчекуваат најсреќниот момент во животот-раѓањето на своето дете.
Секој извор има свое видување за тоа што е правилно да се прави во бременоста, па не е чудно што идните мајки често се збунети.
Погрешао е веќе самата идеја дека трудницата треба да „јаде за двајца“. Кога  жените внесуваат премногу калории и поради тоа во текот на бременоста се здебелуваат повеќе од здравите 11-16 килограми, ризикуваат предвреме да се породат или да бидат подложени на породување со царски рез.
На трудниците, всушност, им се потребно само дополнителни 300 калории дневно. Наместо една неумерана, идните мајки би требало во исхраната да вклучат „паметни“ ужини, како што е, на пример, овошје со јогурт, за да го зајакнат калорискиот внес.
Препорачливо е да се јадат 6-7 помали оброци, по еден на два до три часа, бидејќи на тој начин се одржува константно нивото на шеќер во крвта, што е здраво и за мајката и за бебето.
Не е важно само колку, туку и што јадете. Трудниците воопшто не би требало да консумираат сирова риба и алкохол. Јадејќи риба, би ризикувале да „заработат“ некоја опасна бактерија, а алкохолот го зголемува ризикот бебето да се роди со некој дефект. Многу трудници се борат и со тоа како да се откажат од кофеинот.
Не би требало да пијат повеќе од 200 милиграма кафе дневно. Покрај тоа, неопходно е да внимаваат кофеинот да не го внесуваат на некој друг начин, со посредство на чоколада или чај или, на пример, на некои лекови, кои исто така содржат кофеин.

Балансираната исхрана во текот на бременоста е важна за одржување на вашето здравје и исхраната на бебето. Откако ќе забремените, зголемете го дневниот внес на калории за 300. Препорачаното дневно количество е околу 2.500 калории, иако тоа варира во однос на здравјето, тежината и степенот на активност кај трудницата. Ако сте бремени со близнаци, додадете и на онаа исхрана пред бременоста 600 калории дневно. Нутриционистот може да ви состави правилен план на исхрана во текот на бременоста и во текот на периодот на доење.

loading...