Конечно: Маси за превивање и во машките тоалети, во претстојните шест месеци

За жал, ова е засега случај само во еден град во светот. Се разбира, во Њујорк.

0
169

Њујоршкиот градоначалник Бил де Бласио донел одлука за задолжително поставување маси за превивање во сите јавни тоалети во градот во следните шест месеци, оценувајќи дека новиот закон ќе им гарантира на сите родители на мали деца пристап до соодветна опрема, без оглед дали станува збор за машки или женски тоалет.

„Многу често татковците се исклучени од ваквите активности, а тоа треба да се смени“, рекол Де Бласио, признавајќи дека додека неговите две деца биле мали, за менувањето на пелените надвор од дома водела грижа неговата сопруга Ширлејн.

Најзаслужен за донесување на законот е членот на Градското собрание на Њујорк Рафаел Еспинал кој самиот не е татко, но кога своевремено во текот на влегувањето во тоалет во еден трговски центар во Квинс, видел маж како наведнат на мијалникот му ги менува пелените на своето дете.

Бил непријатно изненаден, а овој призор го поттикнал на размислување.

„Беше страшно да се види како таткото ги менува пелените на детето над мијалникот во јавниот тоалет во кој претходно стотици луѓе си ги измиле рацете по користењето на тоалетот“, рекол своевремено Еспинал.

Законот е усвоен на почетокот од декември и со него е одредено во текот на изградбата или обновувањето на јавните објекти во женските, но и во машките тоалети, да се вградат и маси за превивање.

Со законската одредба се опфатени кината, театрите, рестораните и кафулињата. Дури и тоалетите во ноќните клубови се обврзани да вградат маси за превивање на децата.

Треба да потсетиме дека актерот Ештон Кучер во 2015.година беше фрустриран со фактот дека не може да му ги смени пелените на своето дете во хигиенски услови, па покрена петиција настојувајќи да ги поттикне компаниите да вградат маси за превивање.

Еспанол се надева дека по стапување на новиот закон на сила и останатите американски градови ќе го следат примерот на Њујорк, со што ќе се поттикне и прераспределбата на родителските обврски.

loading...