Кришум собрал пари за инвалидска количка за најдобриот другар

Осумгодишниот Пол Барнет без знаење на својот најдобар другар и неговото семејство на сајтот Go Fund Me отпочнал акција за собирање пари за нова инвалидска количка

0
185

Пол Барнет одлучил да собере пари за да му купи нова инвалиудска количка на својот најдобар другар Камден Хушан која ќе биде прилагодена за сите негови потреби. За само две недели тој на сајтот Go Fund Me успеал да собере 5.455 долари, надминувајќи ја потребната сума од 3.900 долари. Двете момчиња се спријателиле во градинка и покрај тоа што Камден бил во инвалидска количка, Пол никогаш не се однесувал кон него со омаловажување, напротив, додека другите деца се фокусирале на неговиот инвалидитет и на количката, Пол никогаш не го доживувал како поинаков.

Камден е роден со тумор на пршлените Th2 и Th3, а туморот бил толку голем што се формирал околу рбетниот столб.

Иако после три операции туморот бил отстранет, Камден останал параплегичар и се движи со помош на инвалидска количка која е тешка па понекогаш има потешкотии да ја управува. Кога на еден излет неговата количка се превртела, Пол одлучил да преземе нешто. Бидејќи семејството на Камден немало пари за нова количка, а државната здравствена служба „Mediker“ ги покрива трошоците за една количка на секои пет години, Пол ѝ кажал на мајка си дека сака да набави нова количка за својот другар и токму тоа и го направил.

loading...