Купечките овошни сокови штетни колку и газираните?

За децата на возраст од 4 до 6 години препораката е до 5 лажички шеќер на ден, а тие јадат во просек 75 грама шеќер на ден, односно, 19 лажички!

0
287

Децата на возраст до 6 години јадат во просек 75 грама шеќер на ден што е еквивалент на 19 лажички, покажало истражувањето спроведено во Велика Британија. Тоа е 4 пати повеќе од дозволената препорачана количина од 19 грама. За споредба, лименка Кока-кола содржи 35 грама шеќер.

Помеѓу изворите на тие шеќери доминираат овошните сокови, а родителите не обрнуваат внимание на количината на шеќер кои тие ја содржат а поради кои лекарите тврдат дека купечките овошни сокови се еднакво штетни како и газираните.

Идеално би било на децата да им се прават сокови од свежо овошје и зеленчук, лимонада со мед или да се навикнат да пијат вода. Имено, многу деца се научено кога се жедни наместо по вода да посегнат по сок.

Ова е храната од која децата добиваат најмногу шеќер – во проценти и на дневна база:

Газирани сокови и овошни напитоци – 24,8 процент

Овошни сокови/смути – 15,4 процент

Бисквити, колачи и пецива – 8,1 процент

Овошни јогурти и десерти врз база на сирење – 6,9 процент

Бомбони – 5,1 процент

Чоколади – 4,8 процент

Чоколадни кекси – 3,2 проценти

Желе, овошни сладоледи на стапче – 3,2 проценти

Млеко со вкусови – 3,1 проценти

Сладолед, замрзнати десерти – 3,1 проценти

Слатки преливи, пекмез, мед – 3,1 проценти

Житарки со шеќер – 2,7 проценти

Други кекси – 2,6 проценти

Стапчиња од житарки – 2,1 проценти

Друга храна (секоја помалку од 2 проценти) – 12,3 проценти

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here