Лижавчиња за болно грло

Заради ладните напитоци често се случува децата да добијат воспаление на грлото. Еве еден привлечен лек за оваа ситуација.

0
197

Болното грло обично не е сериозно, но е мачно. Доколку прејде во настинка, грозница и зголемени лимфни јазли, потребно е да го однесете детето на лекар. Но, за почеток, доколку воспалението не е големо, направете ги овие лижавчиња за болно грло, со мед. (Децата од една година и помлади од тоа, не смеат да ги користат овие лижавчиња).

Потребни ви се:

1 шолја мед (може и повеќе)

3-4 капки етерично масло од лимон (или 1 лажица чист органски екстракт од лимон)

Стапчиња за лижавчиња

Калапи

Термометар (Доколку немате термометар можете цврстината на лижавчето да ја проверите со помош на тест со вода, иако тој не е најпрецизен. Во текот на варењето на смесата, извадете со лажичка дел од смесата и ставете ја во ладна вода. Од парчињата од смесата во водата ќе се формираат кристализирано парче. Кога малку ќе се излади проверете го со прстите. Дури кога ќе добиете целосно цврсто парче, односно, кога не се витка и не можете да го сплескате со прстите, туку само пука под притисок, имате готова смеса).

Приготвување:

Ставете ги во сад со средна големина медот, маслото од лимон и термометар за бомбони. Медот треба да досегне температура од 150C.

Кога смесата со медот ќе ја достигне вистинската температура, тргнете го садот од шпоретот и брзо ставајте од смесата во калапи (или врз мрсна хартија за печење, доколку немате калапи) и ставајте од стапчињата за лижавки. Оставете целосно да се стврднат, завиткајте ги во кујнска мрсна хартија и заврзете им украсни ленти. Чувајте ги на суво и ладно место.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here