Мајчинство: Колку подоцна толку подобро?

Не е точно тврдењето дека постарите родители немаат доволно енергија за своите деца. Напротив – токму поради нив и ја имаат.

0
1266

Млада мајка е израз кој им е близок на сите, а обично веќе во 25.година жените почнуваат да ги потпрашуваат „кога мислат да родат“, почнува да се зборува за биолошкиот часовник и слично. Имено, се мисли дека е подобро да се почне со раѓање деца на порана возраст.

Сепак, едно данско истражување го покажало токму спротивното. Истражувањето на кое се одлучиле научниците било поттикнато од фактот дека од ден на ден расте бројот на повозрасни трудници, се покажало дека психхолошката зрелост на мајката има позитивно влијание врз воспитувањето на децата и нивниот развој се до 15.година од животот.

Децата што ги родиле жени постари од 35 години имаат помалку проблеми со емоциите и однесувањето и се вербално и друштвено понапредни од нивните врсници кои ги родиле помлади мајки.

„Знаеме дека луѓето со годините стануваат потолерантни кон другите, самите се развиваат емотивно подобро и се психолошки пофлексибилни“, рекол авторот на студијата професот Дион Сомер и додал дека во тоа лежи добробитта за децата, пренесува Хафингтон Пост.

Постарите мајки ги одгледуваат децата сталожено и мирно што влијае врз нивниот развој до 15.година. Во пубертетот веќе важат неко други правила и возраста на родителите нема врска со воспитувањето на тинејџерите.

Истата студија покажала и дека постарите мајки се посреќни во текот на бременоста и кога ќе го родат детето. Тие главно имаат стабилна емотивна врска и подобра финансиска ситуација, што исто така влијае на нивната ментална состојба. Не е точно тврдењето, додава авторот на студијата, дека постарите родители немаат доволно енергија за своите деца. Напротив – токму поради нив и ја имаат. Една претходна британска студија покажала дека и луѓето кои подоцна стануваат родители, живеат подолго.

Но, секако, одложувањето на бременоста, носи со себе и некои ризици – поголема веројатност децата да се родат со ментални потешкотии и поризична бременост.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here