Мајките кои дојат имаат помали шанси за срцеви заболувања и мозочен удар

Некои истражувања покажале дека доењето го подобрува имунолошкиот систем, го намалува ризикот од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести подоцна во животот.

0
204

Новата студија објавена во списанието Journal of the American Heart Association утврдила дека жените кои дојат имаат помал ризик за развој на срцеви болести или мозочен удар.
Истражувачите анализирале податоци за 289.573 жени во Кина. Тие учествувале 8 години во истражувањето и за тоа време давале информации за своето здравје и навиките за доење. Речиси секоја од нив во текот на осумгодишниот период родила дете, а повеќето ги доеле своите деца.

Откако истражувачите ги зеле предвид факторите како што се возраст, пушење, покачен крвен притисок и нивото на активности, заклучиле дека мајките кои доеле имале 9 отсто понизок ризик од срцеви болести и 8 отсто помал ризик од мозочен удар во однос на мајките кои не доеле.

Мајките кои доеле до 24 месеци имале 18 отсто помал ризик од срцеви болести и 17 отсто помал ризик од мозочен удар во споредба со оние кои не доеле.

loading...