Митови за носењето на децата во носилки и марами

Некогаш се сметаше за една од најголемите родителски грешки, а денеска се доживува како одличен начин за зближување со децата.

0
317

Сигурно и вам многу пати ве советувале: „Не, никако детето во раце, ќе го размазиш!“ или „Не го носи ќе ти страда половината!“ и слично. Уште од времети на нашите мајки и баби, носењето на бебињата е една од родителските табу теми и нешто на што се гледало со неодобрување. Меѓутоа, денеска тоа се менува, со појава на ергономски исправни носилки и марами, како и благодарение на истражувањата кои потврдуваат дека носењето на бебињата е всушност, идеален начин за воспоставување на контакт помеѓу родителите и децата. Освен тоа, изборот на адекватна носилка обезбедува правилен раст и развој на вратот, половината и колковите, а можете да го користите и кога малку ќе потпораснат.

Носилките и марамите се денеска нешто без што денешните родители не можат да го замислат секојдневното функционирање па ги користат и додека средуваат низ дома, кога одат на шопинг, кога го заспиваат бебето итн.

Еве некои од најчестите митови поврзани со носењето на децата во носилка или марама:

Ќе го размазите бебето

Бебето не може да биде размазено. Размазеноста бара одредени ментални способности кои бебето сигурно ги нема се додека не наполни барем 2 години. Манипулацијата се учи дури некаде после 3., па и 4.роденден.

Точно е: ако не ги земате кога и да заплачат, тие ќе престанат да плачат. Но прилината заради која престануваат да плачат не е тоа што „не се размазени“, туку затоа што сте ги научиле да не се одзивате на нивните потреби и дека не се исплати да ве довикуваат затоа што нема да дојдете.

Никогаш нема да научи да оди ако постојано го носиш

Пррво и пред се, спротивно на вкоренетото мислење, родителите и старателите кои користат носилки или марами не ги носат децата 24 часа дневно сите седум дена во неделата.

Колку се бебињата постари, толку и нивните потреби се менуваат. Првите 2-3 месеци само им е потребно да се сити, суви и галени (носени). Потоа се будни се подолго, и не сакаат да бидат постојано да бидат носени. Не постојат докази дека носењето го забавува проодувањето токму спротивното: студиите покажале дека бебињата кои биле носени побрзо ги достигнувале развојните цели (вртење, ползење, проодување) од бебињата кои не се носени.

Нема потреба да се носи детето кое оди

Точно: не постои ниту една единствена причина заради која би требало да се носи детето кое оди. Но кога тоа ќе се измори, слободно кренете го.

Ќе си го упропастите грбот

Правилно наместена носилка, односно, заврзана марама, и вашиот правилен став – положбата при носењето ќе ви помогне да почувствувате само 1/3 од тежината на детето. Повеќе штета за вашиот грб има носењето на детето на раце.

Количката ја поттикнува самостојноста

Не постои никаков доказ дека е ова точно, но постојат многу истражувања кои покажале дека носените деца се посамостојни и посигурни во себе, а како последица од тоа што на нивните потреби и желби е одговорено правовремено и на соодветен начин.

Носењето е модерна измислица

Гледано во историјата на човековиот развој, количката е новитет, и ја користиме едвај 200 години, а се носиме многу поодамна, уште пред првите цивилизации. Во пдделни делови од светот децата и натаму секојдневно се носат.

Носилките и марамите не се безбедни за помали бебиња

Доколку е исправна и правилно наместена, а бебето се носи во препорачани пози, носилките/марамите, се целосно безбедни за бебето.

[better-ads type='banner' banner='999' ]