Тинејџер од Велика Плана, прва жртва на опасна интернет игра во Србија

Тринаесетгодишно момче се сечело со хемиско пенкало по раката обидувајќи се со сечење да направи слика на плав кит, по инструкциите од истоимената опасна игра на интернет 

0
952

Tинејџер (13) од Велика Плана, во Србија се сечел со хемиско пенкало по раката следејќи ги инструкциите на злогласната руска игра „Син кит“, која ги наведува тинјеџерите да се сечат со жилети, да се самоповредуваат и на крај да се убијат. Момчето кое не знаело добро англиски јазик, врз основа на објавените фотографии кои се еден вид на упатства, видело што треба да прави. За среќа, родителите на време ги забележале повредите и го одвратиле од оваа болна игра, а случајот го пријавиле во полиција.

– Првиот случај на самоповредување на кое наведува Синиот кит во Србија е откриен откако З.В. и неговата сопруга Д.В. од околината на Велика Плана ѝ пријавиле на полицијата дека го затекнале својот малолетен син со повреди на раката.

– Тој признал дека се исекол поради играта. Момчето рекло дека за играта слушнал од другарче од одделението и ја инсталирал на својот телефон – пишува Српски телеграф.

Според неговите зборови, го направил тоа од љубопитство, а со оглед на тоа што не разбирал баш најдобро англиски јазик, врз основа на објавените фотографии кои се некој вид на упатства, видел што треба да направи. На сликата била рака на која се видливи исеченици. Момчето сфатило дека треба да го направи истото и се повредило. Момчето ја играло играта смао еднаш и изјавило дека не е склоно кон самоубиство и дека повредите си ги нанело од љубопитство. За среќа, некој во семејството на време ги забележал повредите и реагирал.

Филип Будеикин (21), кој ја осмислил оваа опасна игра наменета за самоубиства на лабилните деца, го признал злосторството и кажал дека неговите жртви се „биолошки отпад“, дека биле среќни затоа што ќе умрат и дека на овој начин тој го „чисти општеството“.

Тој сега се наоѓа во злогласниот затвор Крести во Санкт Петербург.

[better-ads type='banner' banner='999' ]