Може сладолед?

Детето можеби нема никогаш да ви постави прашање за сексот, но кога станува збор за сладолед, ќе го поставува прашањето најмалку десет пати секој божји ден во лето.

0
116

Секој кој ќе стане родител знае дека еден ден го очекуваат некои тешки прашања што ќе му ги постави потомството и кои ќе бараат сериозен, промислен и деликатен пристап. Она што не знае е дека прашањето кое ќе му задава најмногу главоболки не е од корпусот фамозни сексолошко-филозофско-теолошки прашања, туку едно најобично и секојдневно: може ли да добијам сладолед?

Едно прашање, илјада одлуки

Зошто ова прашање му паѓа толку тешко на еден просечен родител? За почеток прашање за сексот е многу можно детето никогаш и да не постави. Прашање за сладолед пак, ќе шпоставува најмалку шеесет пати секој божји летен ден. И виое секојпат мора да дадете некој одговор, позитивен или негативен.

 

Како да се одолее?

Проблемот со сладоледот е што децата не знаат кога е доста. Веројатно не можете да се сетите дека некогаш сте го одболе кога сте биле дете, а и сега сигурно тешко се браните. Исто така, сладоледот не е којзнае каков трошок, па не можете да го обвините детето дека е  неарзумно секој пат кога ќе го побара, ниту вечно да се брабите со економската криза или доцнењето на платата. Не ви вреди ниту да го потсетувате детето дека е тоа благо како и секое друго и дека мора да биде умерено.

Граници и како да ги поставите

Од друга страна, децата тешко можат да сфатат зошто „не може сладолед“. Се сеќавате ли дека и вам тешко во влегуваше во глава дека можат да постојат причини против постојано консумирање на нешто толку прекрасно. Сега наеднаш сепак гледате некои причини, , аако ништо друго, имате некое интуитивн чувство дека давењето во сладолед некако не е ок.

Значи, знаете дека некаде мора да ставите линија. А таа линија ќе мора секој ден да ја браните пред налетот н неброени верзии на исто прашање. На пример, дури и ако се обидете да воведете некое правило, на пример, еден сладолед дневно, нема да бидете под помал притисок. Затоа што ако веќе знаат дали и колку, децата и понатаму не знаат кога ќе бидат удостоени со добивање на дневната доза па откако наутро ќе ги отворат очите, се обидуваат да го дознаат тоа.

Еден како ниеден?

Од друга страна, кога ќе пресметате, лесно ќе видите дека секјдневното купување по само еден сладолед и не е баш дека не е којзнае каков трошок. Родителите на две деца овој „еден на ден“ аранжман месечно

Ги чини отприлика колку и сметката а телефон, ратата за рекреативна настава за двете деца, или една феноменална детска енциклопедија. Сосема логично, после таквата пресметка, човек би посакал малку да го намали тоа инвестирање ако не поради друго тогаш поради развивање на одговорен однос кон парите и трошењето.

Сладоледни Г-6 комбинации

Децата имаат на репертоар едно чудо сладоледни прашања кои секојдневно мора да ги слушате, за нив да размислите, но и паметно да одговорите. Каква тактика и да изберете, што и да испреговарате со децата кога станува збор за купување сладолед, ќе се наслушате многу прашања. За разлика од вас кои мислите на милиои други работи, вашите деца преку лето мислат главно само за едно нешто – како да добијат сладолед.

loading...