На кој начин се одгледуваат децата во одделни земји во светот?

Виетнамците ги учат децата да не мочкаат во пелени со свиркање. Имено, секогаш кога бебето мочката, мајката свирка

0
362

Начинот на кој ние ги одгледуваме децата немаат врска со начинот на кои се одгледуваат децата во некои делови од светот, благодарение на различните култури и верувања. Ова се некои од најчудните обичаи ширум светот

Индија
Во Индија секоја година се одржува фестивал на фрлање бебиња од висина од 15 метри, а оние кои ги фаќаат долу држат раширени чаршафи во кои паѓаат децата. Звучи застраѓувачки, но досега на овој фестивал не се забележани никакви незгоди иако фестивалот се одржува традиционално со векови.

Виетнам
Виетнамците ги учат децата да не мочкаат во пелени со свиркање. Имено, секогаш кога бебето мочката, мајката свирка. Со време децата почнуваат мочкањето да го поврзуваат со свиркањето, па по некое време свиркањето предизвикува „реакција“, односно, мокрење. На овој начин Виетнамците ги учат децата да не миочкаат во пелени веќе до деветиот месец од животот што е околу цела година пред децата што живеат во западните земји.

Бали
Родителите на Бали не им дозволуваат на бебињата да ја допрат земјата се додека не наполнат три месеци. Кога детето ќе стаса на таа возраст, семејството организира церемонија на која за првпат се спуштаат на земја стапалата на бебето.

Источниот дел од Африка
Тамошниот Сифудо обичај се практикува кога е бебето старо само три дена. Овој обичај подразбира бебето да се проивлече низ чад настанат со палење на лисјата од дрвото сифуду кое има специфичен мирис. Овој ритуал е веројатно толку голем шок за бебињата што тие дури и не плачат. Инаку, тоа се прави затоа што се верува дека децата после ова ќе бидат бестрашни и нема да бидат срамежливи.

Грција
Во Грција постои обичај да го плукнат бебето три пати за да ги истераат лошите духови и лошата среќа.

Ирска

Традиционално, ирските брачни двојки оставаат парче од својата свадбена торта и го чуваат до крштевката на бебето. Тогаш на гостите им се служи торта, а малото парче од свадбената торта и се мачка на бебето на чело за да го следи среќа.

Кенија
Родителите во Кенија не ги гледаат своите деца во очи затоа што сметаат дека е тоа показател на авторитет, а не сакаат на бебето да му дадат таква моќ. Мајките ги носат бебињата секаде со себе, но ги игнорираат кога се вознемирени и плачат.

Мавританија
Луѓето во Мавританија веруваат дека човечката плунка ги задржува зборовите, па затоа го плукаат новороденчето со зборови на благослов. Жените му плукаат на детето на лице, мажите пак во уво, а потоа таа плунка ја размачкуваат по бебето за „дополнителна“ среќа.

Нигерија
Родителите од нигериското племе Игбо го носат бебето во куќата на своите претци. Тогаш некој од членовите на семејството зема зачин кој ќе го изџвака, а потоа го плукаат и го ставаат кај бебето во уста. Овој ритуал се изведува заради подобро бебе на здравјето.

Централна Америка
Припадниците на племето на Маите во Централна Америка ги бањаат бебињата во ледена вода за да го ублажат осипот на кожата, но и за да спијат подобро. Се разбира, децата врескаат во текот на овој ритуал, но обичај си е обичај.

loading...