На тринаесетгодишниот син за роденден му купила кондоми

Родителите се воодушевени со нејзината идеја и велат дека и тие ќе го направат истото. Што мислите вие за тоа?

0
343

Зефи Малис од Австралија сака нејзиниот син да биде џентлмен кога ќе порасне. Вели дека со своите синови кои имаат 13 и 5 години има многу близок однос и смета дека е најважно да ги научи да ги почитуваат жените.

Нејзиниот постар син Џејмс неодамна наполнил 13 години, а таа за роденден му подарила кутија во која имало батерии, производи за бричење, честитки и кондоми. Вели дека сакала да му подари нешто поучно и мисли дека овие подароци ќе му бидат од корист следните години.

„Сакам да бидам сигурна дека мојот син знае дека со мене може да разговара за се и дека нема да го осудувам. Сакам да имаме близок однос. Јас сум му родител кога треба и пријател кога треба“, вели таа и додава дека е свесна дека на Џејмс сега не му требаат овие производи, но знае дека ќе му бидат од корист еден ден.

„Мора да ги едуцираме своите деца. За среќа, мојот однос со синовите е неверојатен. Рано ги научив на вистинските имиња на сите делови од телото – се разбира, и за пенис, вагина и гради, а разбираат и зошто жените добиваат менструација. Го научив Џејмс да ја почитува својата машкост и да ги почитува дамите“, вели оваа мајка.

Таа објаснува дека со својот тинејџер веќе разговара за почитувањето во сексот.

„Му кажав се што можев, го учев дека кога ќе дојде време за тоа, сексот треба да го направи посебен не само за себе, туку и за неговата партнерка. Ако е тоа нејзин првпат, нека биде волшебен, за помнење, нека биде џентлмен“.

Зефи вели дека е свесна дека повеќето луѓе мислат дека е тој само тринаесетгодишник и дека е премногу рано за сето тоа, но таа има одговор. „Сум читала вести за тринаесетгодипници кои имаат секс. Признавам дека е тоа премногу рано, но мора да бидеме во чекор со времето. Мора да бидам сигурна дека е моето дете свесно што се случува кога ќе одлучи да има секс, како и да знае што би можело да се случи: бременост и полно преносливи болести“.

Таа ставила фотографија од својот подарок на Фејсбук и добила мноштво позитивни коментари и пораки од родители кои велат дека нешто слично ќе подготват и тие за своите деца.

Што мислите вие за тоа, дали е премногу рано да се учат децата за секс на таа возраст?

loading...