Најдобриот совет за ноќните плачковци од една мајка

Ви го пренесуваме ставот на една мајка на сега веќе возрасен син и нејзините совети за тоа како да се справите со вашето дете доколку ноќе се уште се буди или не ви дава да мрднете од него...

0
1327

Има два најчести пристапи кон решавање на ноќното плачење на бебињата, а тоа е т.н.тренинг за спиење, што подразбира дека ќе го ставате бебето да спие секоја вечер во истото време откако претходно ќе го направите целиот ритуал кој му претходи на спиењето (бањање, облекување, доење,…) и слични тренинзи за навикнување на бебето на одредени навики, и „ноќно родителство“, што подразбира дека ќе му бидете на бебето на служба цела ноќ, но повторно придржувајќи се до одредени совети и искуства препорачани од стручњаци или едноставно, од други мајки.
И секоја мајка и секој педијатар и стручњак има по некоја идеја како да го решите ова, кое за некои родители може да е многу исцрпувачко. Имено, не се сите бебиња исти па додека некој уште од почеток спијат по неколку часа без престан, други не можат да склопат очи подолго од два часа дури и кога ќе наполнат една година и повеќе.
Дозволете, како мајка на сега веќе возрасен син, да ви го кажам мојот предлог кој веројатно нема да ви се допадне: пејте му, легнете си до него, спијте заедно со вашето дете, се додека тоа го бара ова од вас…верувајте, ќе му помине ако не порано, тогаш докај 13-тата година сигурно, а вам потоа ужасно ќе ви недостасува!

Сите бебиња и сите деца се едноставно различни и нема ништо што може да се препорача како упатство за тренинг за вашето бебе. Син ми спаѓаше во групата на оние бебиња кои постојано плачат, и дење и ноќе, и не спиеше толку долго колку што не може да издржи ниту еден возрасен човек, а притоа, освен дека е хиперактивен не беше утврдена ниту една друга дијагноза која би укажувала дека детето има некаков здравствен проблем или е гладно.
Искрено, бев многу нервозна мајка и немав разбирање за моето дете…понекогаш се обидував да бидам трпелива, но многу почесто се жалев и се самосожалував на цел глас дека повеќе немам сили. Дури и кога порасна, мојот син не спиеше како другите деца кои едноставно знаат да заспијат после првата прочитана приказна или откако родителите ќе ги бакнат за добра ноќ, и спијат до сабајле. Тој сакаше да ме држи за коса и кога ќе се обидев да станам за да завршам некоја од домашните работи кои не сум стасала да ги завршам дента или едноставно да се опуштам, веднаш стануваше и бараше да се вратам назад. Да, можев да го правам тоа и да си продолжам да спијам заедно со него, но слепо се придржував до тие совети на другите, дека детето мора да се истренира да спие само. Можеби сето ова звучи напорно, особено за некој кој треба да завршува и многу други обврски, но верувајте, кога би можела да го вратам времето, ништо друго не би ми било поважно од тоа да си лежам до син ми и да се опуштам наместо да го демнам неговото дишење и да проверувам дали е веќе заспан за да можам да побегнам од креветот и да правам било што друго.
Колку и да ви изгледа сега сето тоа далечно, верувајте дека сите тие тренинзи и разно-разни постапки за родителите кои ноќе мора да дежураат покрај своите деца, не „палат“ кај секое дете. Верувајте дека сето тоа ќе се случи само по себе, ако не порано, тогаш кога детето ќе тргне на училиште и не се смејте…можеби дури и додека не наполни 10, 11, 12, па и 13 години. Па што? Кога ќе наполни 13, дури и да го молите, нема веќе да ви дозволи ниту да му влезете во соба, а не пак, да седите до него или не дај боже, да посакате да ве држи за коса.
Ќе ви недостасува!!!

loading...