Најдобро оценетата градинка во Англија нема струја и вода за пиење!

Шумската градинка „Самовили и џуџиња“, во англискиот град Дорсет добила највисоки оценки од Бирото за стандарди во образованието затоа што наместо со дигитални апарати, ги учи децата да ракуваат со пили и со оган

0
1048

Иако денеска стандардот за безбедност е построг од кога и да е претходно, стручњаците за образование одлучиле да ги поддржат педагозите кои се истрајни во борбата за детство исполнето со природата и нејзините предизвици.

Шумската градинка „Самовили и џуџиња“, во англискиот град Дорсет добила највисоки оценки од Бирото за стандарди во образованието затоа што наместо со дигитални апарати, ги учи децата на ракување со пили и со оган

Оваа градинка се наоѓа среде шума и нема ниту вода за пиење, ниту електрична енергија. Шест воспитувачи ги надгледуваат децата додека се качуваат по дрвја, висат на јажиња, сечкаат зеленчук и прават ручек на отворен оган. Инспекторите на Бирото биле восхитени од тоа што децата, благодарение на престојот на отворено, покажале многу високо ниво на самодоверба и независност.

„Децата се исклучително мотивирани со широка лепеза од предизвици и поучни искуства. Додека го истражуваат природното шумско опкружување, сосема му се посветени на учењето“, напишале тие во извештајот.

Децата го минуваат времето на отворено без оглед на дождот или ветерот, затоа што градинката се раководи со мислата: „Не постои лошо време, туку само погрешна облека“.

Просечниот ден го поминуваат пеејќи песни околу огнот, градејќи колиби и газејќи по барички. Математика учат со помош на гранчиња, а лисјата и кората од дрвјата ги користат за создавање уметнички дела. Исто така, одгледуваат свои билки и месат свој леб. Кога ќе почне да врне дожд, децата облекуваат кабаници и гумени чизми и се засолнуваат под настрешница од гранки.

Кирстен Фреер која ја оснивала оваа градинка во 2007. Година, за Дејли Мејл вели:

„Веруваме дека се децата толку среќни колку што се блиски со природата во која најдобро учат. Пораснав кампувајќи со семејството во природа, како и моите деца потоа, но сфатив дека многу деца немаат такви искуства. Многу деца се сосема оттуѓени од природата и растат помеѓу четири ѕида, опкружени со модерната технологија. Ние се обидуваме да воспитаме идни тинејџери кои нема да се досадуваат, туку ќе знаат да го ценат светот што ги опкружува.“

loading...