Најголемиот глобален час

Секој оброк раскажува приказна

0
43

Во понеделник на 13 ноември, министерката за образование и наука Рената Дескоска заедно со претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс ќе присуствуваат на најголемиот глобален час што ќе се одржи во ОУ „Аврам Писевски“ во село Бардовци. Најголемиот глобален час е иницијатива на светско ниво за запознавање на децата и младите со Глобалните цели за одржлив развој и за поттикнување нивно активно учество во остварувањето на овие цели.

Часот ќе го одржи наставничката Драгана Горковска заедно со нутриционистот Сашко Дрвошански. Учениците од 4 одделение ќе имаат можност да се запознаат со здравиот начин на исхрана и како тој придонесува кон остварување на Глобалните цели за одржлив развој.

Наставниците од сите основни училишта во земјата истиот ден ќе се приклучат кон иницијативата со предавање на оваа тема за време на одделенскиот час со ученици од четврто до деветто одделение.
Целта на овој проект е учениците активно да се вклучат во оваа глобална иницијатива, да разменат мислења и да се запознаат со глобалните цели за одржлив развој. Промовирањето и едукацијата на  правилната исхрана на учениците од основните училишта во земјава има за цел да се изградат добри навики во исхраната почнувајќи од раното детство.

Вклучувањето на учениците во глобалната платформа е на доброволна основа, со цел да се мотивираат учениците да се приклучат и споделуваат мисли и искуства со своите соученици од светот. Крајна цел е учениците да почувствуваат дека навистина се дел од она што се случува во светот, и дека тие се движечка сила за имплементација на целите во иднина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here