Најмладата жртва која го победила ракот на дојка има само 8 години (ВИДЕО)

Ова девојче е пример дека не постои старосна граница кога би требало да се плашиме од ракот, а кога не.

0
326

Малата Криси Тарнер имала само осум години кога ѝ бил дијагностициран секреторен карцином на дојка, редок облик на рак од кој заболува еден од милион луѓе. За среќа, го победила благодарение на брзата реакција на своите родители кои сега имаат само една мисија: да ги предупредат другите на огромната важност од рано дијагностицирање на болеста затоа што е тоа најсигурниот начин кој ги зголемува шансите за оздравување.
Криси преживеала токму поради упорноста на нејзините родители кои иако докторите им велеле дека не станува збор за ништо опаснос со оглед на младоста на девојчето, инсистирале на повеќе мислења. На крајот, третиот лекарски тим кадешто се обратиле ги направил сите испитувања и ја утврдил црната дијагноза.
Сепак, девојчето ја победило болеста и тоа без хемотерапија затоа што лекарите успеале на време да ѝ направат квалитетна мастектомија, пред да успеат клетките на туморот да се прошират на лимфните јазли.
Се верува дека токму Криси е најмладата жртва со оваа дијагноза и токму затоа што е толку млада, таа и нејзините родители се одлучиле на својата животна мисија: да ги предупредуваат другите да не бегаат од своите стравови, туку уште со првиот сомнителен знак да проверат за што станува збор.
Тоа е единствен начин да го спасите на време својот живот, или пак да го остраните непотребниот сомнеж.

"You can defeat this and you can keep living"

Posted by A Plus on Вторник, 10 октомври 2017

loading...