Наместо за девојчиња и за момчиња, од сега унисекс облека за сите

Најголемиот британски синџир на продавници Џон Луис ги отстранил сите родови и полови ознаки од продавниците

0
202

Сега веќе нема забуна, се е за секого!

Неодамна, најголемиот британски синџир на продавници Џон Луис ги отстранил сите родови и полни ознаки од продавниците и во нив повеќе нема оддел „за момчиња“ или „за девојчиња“, ниту ултра сини или ултра розеви полици.

Сега се се продава измешано, а секое парче облека носи етикета со унисекс боја.

Идејата на овој британски синџир на продавници е да се релативизираат разликите помеѓу половите, родителите да можат опуштено да им купат на децата облека која им се допаѓа без оглед на половата припадност.

И додека некои сметаат дека е тоа во ред затоа што, наводно, сме претерале со „синото“ и со „розевото“ и со потенцирањето на половите разлики, други жестоко се спротивставиле на оваа идеја:

„Не ја разбираме таа потреба за отстранување на ознаките, тие се само со информативен карактер, а нивното отстранување само ќе ги збуни потрошувачите“, рекле дел од британските парламентарци, кои не сметаат дека сега луѓето ќе бидат толку слободни и, на пример, на синот од 6 години ќе му купат фустан, туку дека е тоа само прашање на политичка коректност и не мора нужно да значи и дека е добро во целост“

Дали новата идеја за унисекс облека, без полови разлики и стереотипи, ќе стане нова мода, останува да видиме.

loading...