Натпросечни: Непослушни се и „напорни“?

Можеби се надарени... Но сите бистри деца не се и надарени. Такви се само три отсто од нив. За да го постигнат натпросечните својот потенцијал, треба многу работа и трпение од страна на родителите за да не се „изгубат“ во масата

0
414

Дали е вашето дете љубопитно, сака да знае како функионираат работите, сакаат предизвици и задачи за кои треба да го ангажираат мозокот? Подобро се концентрира на задачите во однос на врсниците? Постои шанса да спаѓа во надарените деца кои о популацијата се околу 3 отсто.

Како даровити, воспитувачите и учителите ги издвојуваат оние деца кои многу работи прават порано, побрзо, поуспешно и поинаку од другите деца и имаат високи достигнувања.

Надареноста се дефинира како збир од натпросечни интелектуални способности, карактеристика на индивидуалци, висок степен на креативност и мотивација, велат стручњаците.

Како да знаете дали е детето надарено?

Но потенцијално надареното дете не го одредува само еден фактор. Многу родители мислат дека е детето надарено ако на четири години знае да ги наброи сите држави и да чита.

– Мноштво фактори ја одредуваат надареноста, а не само една или де работи. Прво треба да се нагласи разликата помеѓу бистро и надарено дете. Бистро е она кое многу знае затоа што може да прима многу информации, но тие доаѓаат на иницијатива на родителите. Надарено пак, е она кое самото сака да знае многу и таа мотивација и желба за знаење доаѓаат од него. Таквите деца знаат да бидат „напорни“ затоа што имаат 100 прашања, ги памтат сите одговори и врз нивна основа поставуваат нови прашања. Надареното дете може да биде окарактеризирано како непослушно затоа што има свои ставови.

Си противречат сами на себе

Кај надарените деца често доаѓа до контрадикторни ситуации затоа што знаат да бидат интелектуално надмоќни, а емоционално под својата возраст. Практично, според стручњаците надарените деца се всушност со посебни потреби и треба да им се даде сета можна поддршка и да не им се дозволи да се изгубат во масата.

Кога таквите деца е се заинтересираат за некое подрачје, стануваат експерти, но се често повлечени и ориентирани само на себе и на темата која ги окупира. Потешки се за одгледување затоа што постојано го доведуаат во прашање аторитетот, не сакаат да прават рутински работи (да средуваат, да чистат, да се облекуваат…)

Но занесот, избувливоста и позитивната енергија која ја шират околу себе кога ќе им се понудат интересни и инспиративни активности се прекрасни. Ако не им се пружи адекватна поддршка во училиштето можат да развијат проблеми во однесувањето или емоционални и не успеваат да ги остварат потенцијалите.

Карактеристики на надарените деца

Посебни карактеристики на надареност кои се видливи од рана возраст се: многу енергија, љубопитност, ги интересира како функционираат работите, рано сакаат да научат да читаат и да сметаат, имаат бујна фантазија, забележуваат детали, ги поправаат возрасните во нивните недоследности, упорни се во совладување на она што ги интересира. Честопати се перфекционисти, тешко поднесуваат пораз, чувствителни се и ги прават работите по свое. Тешко се снаоѓаат со врсниците затоа што имаат поинакви интереси.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here