Научни занимливости: Сите родители страдаат од амнезија (2)

Се препорачува: соочете го заболениот со неговите родители, предочете му ги старите училишни сведителства, нека се сретне со старите училишни другари, кои ќе му ги освежат сеќавањата.

0
136

Во Откачениот прирачник за умни родители – Како најлесно да го упропастите своето дете, од Надежда Миленковиќ има многу работи кои ќе ве насмеат, ќе ве разонодат, ќе ве замислат…Ви пренесуваме некои од нив во неколку продолженија.

Науката одамна утврдила дека луѓето од одредени професии (возачи, новинари, пилоти, рудари) почесто заболуваат од некои болести, во споредба со другиот дел од популацијата. Деновиве од Институтот немам поима како се викаше, стигна веста дека е откриено и професинално заболување специфично само за роидтелите, а тоа е – амнезија, односно, делумно или целосно губење на пметењето, проследено со истовремена потреба на заболениот да ги „пополни празнините“ и загубеното сеќавање да го надомести со нови спомени.

Болеста се појавува на самиот почеток на родителскиот стаж, зема замав во училишниот период (на детето, не на родителите) и трае до крајот на животот (на родителите, не на детето). Се смета дека заболувањето е наследно, иако има толкувања дека е заразно и дека има вирусно потекло, а обично се пренесува на родителските средби.

Како се манифестира амнезијата? Почетните симптоми, како што е веќе кажано, можат да се јават во првите денови на родителството, а се препознаваат по речениците од типот: „Јас кога бев бебе воопшто не плачев“ или „спиев по цели ноќи како јагне“!
Како што детето расте, така се зголемуваат дупките во меморијата на заболениот родител: тој „точно“ се сеќава дека проодел пред првиот роденден, пред вториот течно зборувал на два јазика, а пред третиот научил да чита и да пишува. (Препорака од лекарите: проверете на ЧИЈ роденден се мисли).

Кога јас…

Во литературата посебно е обработена делумната амнезија, врзана само за одреден период (обично училиштен) или за одредена активност (најчесто љубовна).

Клиничката слика на т.н. „училишна амнезија“ изгледа вака: родителот „се сеќава“ дека ги имал сите можни петки или дека бил најдобар по математика, дека многу и секојдневно учел (пред играњето), секоја вечер ги подготвувал книгите како и облеката за утредента, никогаш не им здодевал на родителите да му помагаат околу домашните задачи, секогаш знаел кој предмет каде му се наоѓа, најсилен и најуреден во одделението – со еден збор, бил апсолутна спротивност на своето дете.

Лекот за оваа болест уште не е точно утврден, а лекарите се плашат дека нема ни да биде наскоро. Се препорачува: соочете го заболениот со неговите родители, предочете му ги старите училишни сведителства, нека се сретне со старите училишни другари, кои ќе му ги освежат сеќавањата.

За крај, уште еден малечок куриозитет: случаите на делумна амнезија, кои се однесуваат на љубовниот живот на лицето, се забележани и кај луѓе што не се родители – па научниците се плашат дека се работи за епидемија.

 

loading...