Научниците во Амстердам уништија клетки на рак на дојка за само 11 дена без хемотерапија

Овој начин на лекување го прави допадлив и фактот дека ја елиминира потребата од хемотерапија и операција.

0
2127

Секој ден кога се појавува нова студија за потенцијален лек за ракот е добар ден, а научниците во Европа можеби пронајдоа продор за ракот на дојка. Најчестиот рак кај жените, 1 до 8 Американки ќе развијат овој вид рак во нивниот живот. Клиничките обиди можеби најдоа начин како да не ослободат од овој вид рак еднаш и засекогаш.

Истражувањето презентирано од професорот Најџел Бундред во Европската конференција за рак на дојка во Амстердам откри дека тие го тестирале ефектот од пар лекови познати како „херцептин“ (трастузумаб) и „лапатиниб“.

Двата лека вообичаено се користат за лекување на овој рак, но ова е прв пат да се комибинираат заедно и да се користат пред операција и хемотерапија. Откриле дека тие се способни да елиминираат некои типови рак на дојка за само 11 дена.

Сега целта е тие лекови да се искористат во борба против протеинот ХЕР2 кој влијае на растот и делбата на клетките со рак.

Овој начин на лекување го прави допадлив и фактот дека ја елиминира потребата од хемотерапија и операција. Привременото губење коса, повраќање и замор исто така се избегнуваат, а лекувањето е помалку впечатливо на телото.

Хемотерапијата не е целосно ефикасна, ниту пак е вистински избор за многу пациенти, така што секоја алтернатива е добредојдена.

Во студијата учествувале 257 жени со типот ХЕР2 рак на дојка. Половината од  нив биле ставени на комбинацијата од лековите, а другата половина била контролна група. По две недели, кај 11 отсто од оние кои биле ставени на терапијата не останале клетки со рак, а кај 17 отсто имало драматично собирање на туморот.

Во споредба со контролната група на која и бил даван „херцептин“ е забележано 0 проценти промена кај туморите и само кај 3 отсто имало намалување на големината на туморот.

Сегашниот проблем е што добивањето лиценца за „херцептин“ се дава само за употреба со хемотерапија. Резултатите од оваа студија може да помогнат тоа да се смени.

Се уште има работа што треба да се направи. Да се надеваме дека ова е голем чекор напред во борбата против оваа смртоносна болест. Со медицината која се унапредува секоја година, сосема е можно да се најде лек порано од што се надеваме.

loading...