Не брзајте со воведување на дохрана, зашто го ризикувате здравјето на бебето

Стручњаците советуваат дека овие правила важат подеднакво и за бебињата на мајчино и за оние на адаптирано млеко.

0
1107

Иако препораките за воведување на дохрана со цврста храна се веќе подолго време исти и велат дека со неа би требало да се почне на возраст од околу 6 месеци, многу родители почнуваат порано.

Ова е особено случај со бебињата кои се хранат со адаптирано млеко.

Меѓутоа, едно неодамнешно истражување во кое учествувал и тимот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести открило дека прераното воведување на цврста храна води кон поголем ризик од развој на дијабетес и дебелина.

Истражувањето е спроведено на примерок од 1482 бебиња, на возраст од 6 до 36 месеци, а тимот ги анализирал податоците од National Health and Examination Surveyja, собирани во период од шест години.

Резултатите од истражувањето објавени во списанието Journal of the Academy of Nutrition and Dietetics, ги пренеле бројни портали, а покажале дека само 32,5 отсто од бебињата почнуваат со дохрана во вистинското време, што може да влијае на нивното здравје.

16,3 отсто од бебињата стартувале со дохрана пред четвртиот месец од животот, а 38,3 отсто во периодот помеѓу четвртиот и шестиот месец.

„Ако бебето почнало да јаде цврста храна пред време, можно е дека така ќе пропушти важни хранливи материи кои во тој период од животот би требало да ги добива само од млекото“, објаснила др.Клое Барера, нутриционистка од Центарот за контрола и превенција на болести и додала дека слични ризици можат да доживеат и бебињата кои пак предоцна стартуваат со дохраната, затоа што така пропуштаат во вистинско време да ги црпат тогаш веќе потребните микронутриенти од храната, што пак води кон можни ризици од појава на алергии и слаба исхранетост.

Освен тоа, алергија на храна можат да развијат и деца кои со дохрана почнале порано отколку што е препорачливо, затоа што нивните црева во тој ран период се уште не се подготвени на различна храна.

Затоа, шест месеци е идеална возраст, а иако се бебињата доста различни, се препорачува со дохрана да не се почнува пред да почнат:

– добро да ја контролираат главата
– покажуваат интерес за друга храна, освен млеко
– можат да седат
– бараат се повеќе храна

Ако според овие знаци бебињата се подготвени за дохрана, тогаш е во ред ако со неа се почне и во период од околу 17 недели, а најдоцна до 26-тата недела.

loading...