Не ги форсирајте децата да ги делат своите работи

Кога го форсирате детето да дели нешто што е негово само затоа што некое друго дете го посакало тоа, знаете ли како звучи тоа во ушите на детето, односно, каква лекција учи тогаш вашето дете?

0
430

Не ги форсирајте и не ги учите своите деца да ги делат своите работи. Тоа е лекција која децата или нема да ја сфатат или нема да сфатат како треба. Зборуваме за децата од предучилишна возраст.
Сите родители тежнеат да го научат своето дете, да го поттикнат да се дружи со другите деца и да си игра со нив, што во превод значи дека родителите сакаат да ги научат своите деца да делат.
„Но ако сте виделе некогаш минимум три деца од предучилишна возраст како си играат во некое паркче или игротека, сигурно сте забележале дека сите три се фатиле за една иста играчка, иако на страна имало барем уште 5-6 други. Во ситуација кога тие се караат, а две од нив и плачат, обично се вмешуваат родителите кои се обидуваат на своите деца да им го всадат чувството и потребата од делење. Но знаете што? Родителите не би требало да го прават тоа затоа што таквите лекции нема да ги научат децата од таа возраст она на што се надеваат нивните родители“, напишала др. Лаура Маркам, авторка на книгата „Peaceful Parent, Happy Siblings“.
Во овој период децата едноставно размислуваат поинаку од возрасните.

Тоа не значи дека малите деца ќе останат засекогаш мали и дека вечно ќе се однесуваат како деца. Не – децата во овој период мораат прво да ги спознаат своите потреби.

За да можат да ги сфатат потребите на другите луѓе и деца, тие мора да научат како е тоа на своја кожа. Себичноста никогаш не била доблест, но ако се обидуваме на оваа возраст да го научиме детето кое е се уште несвесно за тоа како функционираат светот и општеството, ако го форсираме секогаш да има чувство за туѓите емоции – кога тоа ќе научи да ги цени и да ги става на прво место своите чувства? Ако постојано барате од детето да го даде своето на некој друг само затоа што тоа би било убаво и затоа што некое друго дете тоа силно го посакува, во каква положба ќе го ставите тогаш вашето дете? Нема ли тоа да биде збунето?
Ако сфатиме дека децата се уште мали и дека „многу навики“ од детството нема да им останат всадени како редовни навики кога ќе пораснат, туку од тие навики ќе научат важни животни лекции, тогаш е оваа тема многу важна.
Затоа што, како што вели докторката Маркам, кога го форсирате детето да ги дели своите работи само затоа што некое друго дете ја посакало неговата играчка, знаете ли како му звучи тоа на детското уво, односно, каква лекција тогаш ќе научи вашето дете?

Ќе научи дека ако некој многу плаче и многу сака нешто – тогаш тоа и го добива.
Учи дека родителот, неговиот или на друго дете, ќе биде тој што ќе се помеша и ќе одлучи кој ќе ја добие играчката, а тоа нема да биде секогаш според истото правило туку ќе зависи од количината на солзи и родителското трпение.
Учи да не го сака тоа дете (братчето или сестричката, другарчето) кое постојано му ги зема играчките.
Го учи дека мора да стане лакомо и секогаш кога ќе има можност да се обиде да грабне туѓа играчка.
Не го учи да дели туку да манипулира, затоа што кога еднаш ќе ја грабне играчката, а знае дека наскоро ќе мора да ја подели, детето ќе создаде некој свој сопствен принцип на дејствување за да го одложи тоа делење.
Нема да научи да дели затоа што на таа возраст детето не го сака тоа (секако, зависи од детето, затоа што навистина постојат и светли примери на деца кои се родени да делат, тоа навистина зависи од карактерот).

Како тогаш да му пристапите на проблемот?

Учете го детето на еден добар принцип на дејствување кој детето само со текот на времето ќе почне да го применува помеѓу рамните на себе. Научете го дека делењето не мора никогаш да биде сега и веднаш.

Да, децата реагираат импулсивно и веќе за некоја минута потполно го менувааат своето мислење и своите желби, но наместо да форсирате на делење учете ги дека играчката ќе ја добијат или ќе ја дадат наскоро, не веднаш.

Тоа не е одложување на проблемот, тоа е нормална реакција од која вашето дете ќе научи дека кога тоа си игра со нешто, а некое друго дете ќе го посака тоа, тоа со детски речник ќе му каже на своето другарче, братче или сестра: „Штом си поиграм јас уште малку, тогаш ќе ти ја дадам“ или „Еве штом го ископам дупчево, ќе ти ја дадам лопатката“.
Некое дете можеби и ќе делува насилно, но вие не се мешајте. Намигнете му на своето дете затоа што не се откажало од својата играчка и од своите желби, а покажало добра волја да подели попосле. Со оваа лекција која мора да му ја покажете или да му ја всадите во глава на вашето дете, тоа ќе биде помалку оптоварено и со помалку грч ќе внимава на свите играчки.

loading...