Не му одмагајте на детето кое се уште мокри во креветот

Родителите со своите реакции често знаат уште повеќе да му одмогнат на детето. Мислевте дека засекогаш се ослободивте од мокрењето во кревет само затоа што детето успешно се одвикнало од пелените?

0
594

Кај децата тоа не оди толку лесно како што се надеваат родителите затоа што децата едноставно не можат во кратко време да научат како да го контролираат ноќното мокрење. Понекогаш тоа им се сучува дури и на децата стари до седум години.

На некои им се случува поретко, на некои почесто, а родителите со своите реакции од типот на: „Не си повеќе мал/а“, „само бебињата мочкаат во кревет“, „требаше да пазиш“ и слично, да им долеат уште проблеми на овие деца.

А кој е вистинскиот начин?

Американските педијатри велат дека ноќното мокрење кај децата е прилично вообичаено затоа што речиси 20 отсто од петгодишниците и 10 отсто од шестгодишниците мократ во кревет, но добра вест е што повеќето деца тој проблем ќе го решат сами.

Дотогаш не дозволувајте детето да види колку ве разочарало и ве фрустрирало нивното мокрење затоа што вистинскиот одговор не е во тоа да направите голем проблем од ова, туку да го охрабрите детето на напредок.

Ако детето се уште мокри во кревет, едноставно потрудете се да им го намалите количеството на пијалоци што ги пијат пред спиење, без оглед дали станува збор за вода, за сокови или зашеќерени напитоци.

Меѓутоа, мокрењето често се поврзува и со дехидрација која дополнително ќе го зголеми проблемот, па не би смееле да им забраните да пијат вода, односно, би требало да им дадете повеќе течности во првиот дел од денот за во вечерните часови да не чувствуваат толку голема потреба.

За почеток погрижете се детето да не си легне додека не отиде во тоалет и поттикнете го да стане во текот на ноќта такашто ќе му го оставите запалено светлото во купатило.

Набавете водоотпорен душек или подлога за спиење која нема му помогне на детето да престане да мокри ама барем ќе ви олесни вам.

Исто така, пожелно е детето да го вклучите во акцијата на пресоблекување и ќе му оставите резервни гаќички и пижами и ќе го вклучите во менувањето на постелнината.

Но на ова не смеете да гледате како на казна затоа што ниту една казна или викање нема да го решат проблемот. Напротив!

Фактот што очекувате од нив да ви помогнат откако ќе ја направат белјата, ќе им поогне да се чувствуваат барем малку подобро.

Проверете да не имаат проблем со запек бидејќи е ова честа причина за проблеми со мочниот меур и тој влијае кај околу третина од децата. Ако се сомневате дека тоа би можело да биде проблем, зголемете го внесот на течности и лакна или обратете се кај својот педијатар за да се најде најдоброто решение за проблемите поврзани со запекот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here