Не само за бебето, доењето е здраво и за мајката

Знаеме дека е доењето добро за бебето, дека помага мајката и детето да се зближат, но има и уште некои важни ефекти.

0
976

Доењето на бебето една година го намалува ризикот мајката да доживее срцев удар подоцна во животот, покажало едно истражување.
Таа студија покажала дека колку подолго мајката го дои бебето, толку тоа има подобри ефекти на нејзиното кардиоваскуларно здравје.

Некои претходни истражувања покажале дека мајките имаат краткотрајни здравствени придобивки од доењето, вклучувајќи го губењето на вишокот на килограми, понизок холестерол и крвен притисок, како и пониско ниво на глукоза во бременоста. Меѓутоа, долгорочните ефекти од доењето врз развивањето на кардиоваскуларните болести кај мајките не биле сосема разјаснети.

Сега, новата студија покажала дека жените кои една година го дојат своето дете имаат речиси десет отсто помал ризик да заболат од кардиоваскуларни болести или да доживеат инфаркт подоцна во животот.

Еве како дошле до тие резултати…

Истражувачите од универзитетот Оксфорд, од Кинеската академија на медицински науки и од Универзитетот во Пекинг ги анализирале податоците од 289.573 Кинескињи на возраст од 51 година. Тие жени ги доеле своите деца во просек, една година. Анализирајќи ги нивните податоци за здравјето, научниците дошле до заклучок дека жените кои ги доеле своите деца се изложени на девет отсто помал ризик од срцеви болести и осум отсто помал ризик од инфаркт.

Исто така, кај секоја жена која го доела своето дете две години или подолго, ризикот од срцеви болести бил 18 отсто понизок, а ризикот од срцев удар, 17 отсто понизок во однос на жените кои не ги доеле децата.

Стручњаците додаваат дека секои „дополнителни“ шест месеци доење на бебето е поврзано со четири отсто понизок ризик од кардиоваскуларни болести и три отсто понизок ризик од срцев удар.
Тие нагласуваат дека ги зеле предвид и факторите на ризик од кардиоваскуларни болести, како пушењето, високиот крвен притисок, дебелината, дијабетесот и физичката активност.

Доењето го „ресетира“ метаболизмот на мајката

Главниот истражувач др. Сејн Петерс вели дека ефектот од доењето на здравјето на мајката може да се објасни со побрзото „ресетирање“ на нејзиниот метаболизам после бременоста.
„Бременоста драстично го менува метабиолизмот на мајката затоа што во бременоста се складираат масти за да се обезбеди енергијата неопходна за раст и развој на бебето, како и за доењето кога бебето ќе дојде на свет. Доењето помага тие масти после породувањето побрзо и подобро да се елиминираат“, вели др Петерс. Затоа стручњаците нагласуваат дека секоја мајка која може би требало да го дои бебето заради своето и заради здравјето на бебето.

loading...