Не се плашете од црните траги што ги оставаат некои бебиња при раѓањето

Тоа е знак на нормална транзиција при доаѓањето на бебето на свет

0
993

Секоја трудница се плаши од породувањето, без оглед на тоа дали станува збор за прва, втора, трета или која било бременост по ред. Но веруваме дека еден од најголемите стравови што ја мачат секоја трудница се можните компликации како и стравот дека нема да стаса до болница и дека ќе мора да се породи дома. Меѓутоа, баш од ова последново не се плашат од оние жени кои самите решиле да се породат дома, со стручна помош од бабица, или дури и без неа. Ова не е реткост во многу земји во светот.

Но токму во такви случаи, велат, жената е некако посвесна за се околу себе за разлика од породувањето во болница. И тогаш е можно родилката да доживее нешто што при породувањето во болница можеби не би ни забележала, а се однесува на една сосема вообичаена ситуација – при породувањето бебето да испушти мекониј чија темна боја може да предизвика благ шок доколку не знаете точно за што станува збор.

„Мекониј е нормална појава, знак на нормална транзиција во овој свет и претставува столица од материите кои бебето ги голтало  за време на престојот во стомакот и за време на породувањето кое е стресно и за мајката и за бебето, едноставно истекло надвор. Оваа слика е нормална слика на мајка и бебе веднаш по породувањето и затоа немојте веднаш да скокате и негативно да коментирате зошто воопшто објавуваме вакви фотографии – затоа што е тоа реалноста. Тоа е она што сите би требало да го знаеме. Тоа е природна појава при породувањето“. А благодарение на оваа фотографија која ја снимила Џени Голдман, а ја објавиле бабиците на Фејсбук страната Human Birth Project, и ние сега научивме нешто ново.

Меконијот содржи се – од клетки од цревен епител, лануго влакненца, секрет, плодна вода и жолч. Бојата е најчесто темнозелена до црна, освен ако патем не се разреди во плодовата вода па може да излезе во разни нијанси на кафеава, зелена и жолта боја, но за разлика од првите столици на бебето после подојувањето, меконијот речиси и нема никаков мирис. Но истовремено е полн со бактерии – едниуте создаваат млечна киселина, а другите се класични цревни бактерии.

Пред самото породување меконијот се наоѓа во цревата на бебето, но зависно од должината и интензитетот на породувањето може да се истисне во плодовата вода пред или во текот на породувањето, а особена опасност претставува ситуацијата во која бебето ќе го вдише. Тогаш може да настане меконијски аспирациски синдром (затварање на дишните патишта и оштетување на белите дробови). И токму поради тоа нека не ве плаши евентуалниот поглед на темниот мекониј кој бебето ќе го испушти по раѓањето. Така сте сигурни дека е со бебето се во најдобар ред.

[better-ads type='banner' banner='999' ]