Ноам Чомски: Тестирањето е бесмислено и штетно

Познатиот американски лингвист и филозоф Ноам Чомски во својата критика на образовниот систем во светот вели: тестирањето гарантирано го уништува секој смислен образовен процес. Наставникот не може да биде креативен, ниту може да ги земе предвид различните потреби на учениците. Учениците пак, од друга страна, не можат да ги следат своите интереси, затоа што мораат да учат за утрешната контролна задача.

0
143

Според американскиот лингвист и филозоф Ноам Чомски кој го критикува образовниот систем во светот, самиот систем на вреднување е потполно вештачки.

„Погледнете што се случува во образованието. Во последно време, акцентот се става на оценувањето на децата и на наставниците, па учењето се сведува на подготовки за тестови. А тестирањето влијае како врз судбината на учениците, така и врз наставниците. Тоа гарантирано го уништува секој смислен образовен процес. Наставникот не може да биде креативен, ниту може да ги земе предвид различните потреби на учениците. Учениците пак, од друга страна, не можат да ги следат своите интереси, затоа што мораат да учат за утрешната контролна задача. А од резултатите на тестовите зависат и иднината на учениците и на наставниците“, вели Чомски.

Тој нагласува дека луѓето не мораат цело време да се оценуваат.

„Тие не мора спостојано да се рангираат според некои вептачки стандарди. Самиот систем на вреднување е целосно вештачки. Наставниците не се рангираат според својата способност да им помогнат на децата да ги реализираат своите потенцијали и да ги истражат своите креативни интереси. Тие работи не подлежат на тестови. Вие рангирате, но тоа е главно бесмислено и само по себе штетно. Не претвара во личности кои својот живот го посветуваат на подобро рангирање, наместо да правиме работи кои се вредни и важни“, смета Чомски.

Во основно училиште е тоа многу разорно, рекол тој, а тоа го сфатил кога неговите деца бил во основно училиште. Уште кога ќе стасаат до трето одделение, се создава поделба на глупи и на паметни. Ако си ставен во групата на глупи, тогаш училиштето те третира на сосема поинаков начин отколку кога си помеѓу паметните…

Замислете што им прави тоа на децата. Тие го сфаќаат тоа многу сериозно, што е за нив катастрофално и нема никаква врска со образованието. Образование – тоа е развивање на личните потенцијали и личната креативност. Можеби нема да бидете добр во училиште, но ќе бидете одличен уметник. Што има лошо во тоа? Тоа е сосема поинаков начин да живеете со исполнет живот, да се облагородите себеси и оние околу вас“.

Самата идеја за рангирање е штетна. Таа е дел од системот кој треба да создаде „економски човек“. Тоа е некој кој рационално калкулира како да го подобри сопствениот статус и своето богатство, не обрнувајќи внимание на ништо друго. Некој кој тежнее да трупа материјални добра, затоа што тоа е она што може да се измери. Ако сте добри во тоа, тогаш сте рационална личност која носи одлуки врз ваза на факти. Го зголемувате својот „човечки капитал“ кој можете да го продадете на пазарот.

„За каков човек зборуваме? Дали е тоа она човечко суштество кое сакаме да го создадеме? Сите тие механизми – тестирање, проценување, мерење, вреднување – ги присилуваат луѓето да развиваат такви особини. А таквите идеи имаат свои последици“, порачал еден од најголемите живи мислители.

loading...