Новогодишните празници после развод

Повеќето деца на разведени родители ги доживуваат празниците на сосема поинаков начин и не им остануваат во премногу убаво сеќавање. Ако сте тазе разведени, обидете се вие и вашето дете да ги имате најубавите можни празници и да не ја почувствува премногу разликата. Секако, колку што е тоа возможно.

0
210

Ако сте неодамна разведени, тензиите и борбата окоу тоа со чие семејство ќе бидат децата за Нова година и за Божик, се неминовни, но без оглед на сите расправии помеѓу вас и вашиот сега веќе поранешен партнер, обидете се да се издигнете над ситуацијата, да ја проголтате гордоста и да ги направите овие празници најубави за вас и за вашите деца.

Најдобра опција за вашите деца е кога би можеле сосема да ги занемарите сите расправии и да се обидете да бидете заедно за Нова година и за Божик, заедно да ручате, да отварате подароци и да се однесувате како едно големо среќно семејство, но свесни сме дека овој најидеален можен начин е речиси недостижен.

Помеѓу разведените партнери празниците се посебен предизвик затоа што во целата ситуација обично се вклучуваат и останатите членови на семејството, бабите и дедовците кои би сакале да поминат повеќе време со внуците токму во овој посебен период од годината.

Обидете се да бидете пофлексибилни, побарајте го бившиот партнер и направете со него договор кој ќе биде добар за сите, а особено за децата. Ако се тие доволно големи, седнете со нив и прашајте ги што би сакале тие, како би сакале да ги поминат празниците и раководете се според нивните желби. Најважно е да не се оптоварувате со никакви традиции и обичаи, измислете си своја празнична традиција, заборавете на се она што слепо сте го почитувале претходните години и посветете им се на своите деца.

Ако е возможна оваа опција, тогаш, кажете им на родителите оваа година да не ве очекуваат и поминете ги празниците со децата и поранешниот партнер јадејќи брза храна и отварајќи ги подароците. Ако ова не е опција, тогаш смислете нешто друго, нешто што нема да ви создава притисок и дополнително да ве оптоварува во и онака стресниот период од животот.

loading...