Oрганизирале забава за откривање на полот за својот 17-годишен трансроден син

Понекогаш детето што го означуваме како девојче воопшто не се чувствува така. Понекогаш детето прераснува во сосема друга личност и ако имате среќа да е искрено, тоа ќе ви ја каже вистината без оглед колку е страшна, вели Лав Гвалтни, мајка од Охајо

0
352

Забавите за откривање на полот во бременоста стана неопходен дел од секое семејство, но Лав и Брендон Гвалтни ја направија 17 години откако станаа родители.

Имено, оваа двојка, која моментално го очекува своето четврто дете, решила да му даде шанса на своето трансродно дете самото да открие кој пол е. Така, од големата кутија излегло момче по име Греј кое 17 години дотогаш живеело како девојче – Мекензи.

„Момче или девојче“, пишува покрај фотографиите што гордо ги објавила мајката на Фејсбук.
Таа објаснува дека полот на бебето е првото нешто што не интересира за бременоста.
„Возбудени сме, избираме облека и ја украсуваме просторијата заснована на полот на бебето. Ние организираме забави, избираме имиња. Поголемиот дел од времето, тоа е добро. Но, понекогаш детето што го означуваме како девојче воопшто не се чувствува така. Понекогаш детето прераснува во сосема друга личност и ако имате среќа да е искрено, тоа ќе ви ја каже вистината без оглед колку е страшна“, објаснила Лав.

Затоа, по 17 години, таа му го претставила на светот својот син Греј и ја признала својата грешка.

„Бевме во заблуда кога му кажавме на светот пред 17 години дека ќе станеме родители на девојче. Греј е како секое 17-годишно момче, тој игра игри до доцна навечер, мрази туширање и јаде премногу нездрава храна “, додала мајката.

За забава, тие исто така купиле торта која „претставува транссексуални тела“, а сега сепак треба да му купат на Греј и нова облека.

Фото: Фејсбук

loading...