Одбираме најголема глупост! (1)

Во Откачениот прирачник за умни родители - Како најлесно да го упропастите своето дете, од Надежда Миленковиќ има многу работи кои ќе ве насмеат, ќе ве разонодат, ќе ве замислат...Ви пренесуваме некои од нив во неколку продолженија

0
276

Како најлесно да го упропастите своето дете, откачениот прирачник за умни родители од српската авторка Надежда Миленковиќ, најпозната по големиот број рекламните комуниколог и стручњак за маркетинг, е вистински бестеселер. Книгата, како што вели самата, е базирана на нејзиното лично искуство и на искуството на луѓето околу неа, но самата не е родител, па духовито, во истиот стил во кој е пишувам и овој прирачник вели:

– Дали и самата сум упропастила некое дете? Тоа е како да ја прашате Агата Кристи дали за убиствата пишувала од искуство.

Кога ја пишував книгата најслатко ми беше кога луѓето ќе ми речеа: Леле, мојата мајка беше баш таква како што опишувате. Сите тие луѓе не се препознаваа себеси, туку своите родители. Воспитните мерки така и се пренесуваат, од колено на колено, низ глупи реченици од типот: Биди добар и убаво помини си, што е во судир едно со друго. Но ние никогаш не гледаме дека сме дел од сето тоа.

Ви пренесуваме дел од содржината на овој духовит прирачник во неколку продолженија.

Со прирачникот, порачува авторката, можете:

Да ја сочувате смислата за хумор; да ја убиете здодевноста; да научите да лажете; да ги дознаете дефинитивните одговори на непријатните прашања; да се тестирате себеси дали сте таков родител каков што сте си ветиле дека ќе бидете; да ги прочитате сите 1000 родителски „затоа“ на 1000 детски „зошто“; …

Почнуваме со наградната игра: Одбираме најголема глупост!

Ги повикуваме сите заинтересирани да ни ги испраќаат своите предлози за натпреварувачкиот список.

Предлог бр.1

Кого го сакаш повеќе: мама или тато?

Ова прашање е глупост затоа што ги тера децата да го мерат квантитетот на емоциите и да се определуваат меѓу два различни вида љубов. Што би одговориле вие кога некој би ве прашал: кое дете го сакате повеќе – постарото или помладото?

Предлог бр.2

Ајде, бакни ја тета!

Оваа наредба е глупост затоа што детето треба да покаже емоција, која, можеби, воопшто не ја чувствува. Па не е задолжително да се сакаат сите тетки, зар не? Дури и кога ќе ви донесат чоколадо! Замислете директорот да ви нареди да го бакнете сметководителот! Во смисла: „Ајде бакни го овој чичко затоа што ти даде плата“.

Предлог бр.3

Дали спиеш?

Ве молам, што би одговориле вие?

Особено ако спиете.

Предлог бр.4

Биди добар и помини си убаво

Оваа родителска желба е глупост затоа што овие две работи се неспоиви. Ако искрено се потсетите на детството, ќе признаете дека најдобро сте си поминале кога не сте биле „добри“ (барем не во тоа значење на зборот што го имаат на ум родителите).

Предлог бр.5

Ех колку сакам да го имам овој ум, а оние години!

Ова е глупост затоа штосекој ум е приспособен на своите години, барем додека не помине пубертетот. Зар би сакале да ја поминете младоста како здодевни, ситничарски расположени старци – кои само гледаат како се забавуваат другите. Или мислите дека глупостите што сте ги правеле биле толку слатки?

Еднаш некој рекол дека нема глупави одговори, туку само глупави прашања. Некој друг, во друга пригода, рекол: Хартијата трпи сѐ. Во оваа трета пригода, јас ќе речам: Ако хартијата ги трпи сите (глупости), децата не мораат! Бидете внимателни кога им се обраќате на децата. Не зборувајте им работи што и самите би ги прогласиле за глупост, ако се сменети улогите.

(Продолжува)

 

loading...