Опасни игри

Онлајн играта „Син кит“ ги наведува децата на самоубиство, а велат дека од Русија, веќе е стасана и на Балканот.

0
596
сцена од филмот „Nerve“ со идентично сценарио како и вистинската игра

Опасната интернет игра која ги наведува децата и тинејџерите на самоубиство, а која потекнува од Русија, стаса и на Балканот! Играта е наречена „Син кит“ и кренала узбуна во земјите во регионот, чии безбедносни служби потврдиле дека имаат сознанија за меѓународниот феномен на нејзиното ширење. Веројатно во Македонија се уште не е раширена, но сепак обрнете внимание.

Онлајн играта ги поттикнува младите да се впуштат во серија од предизвици во текот на 50 дена. Ако децата се логираат во одредена  слика на синиот кит или на хаштагот „Синиот кит“, „во игра сум“, „Ф58“, „разбуди ме во 4.20“ преку некоја од социјалните мрежи, им стасува порака од непозната личност со прашање дали сакаат да почнат игра.Предизвиците се редат од ден во ден, а „водачите“ им задаваат на тинејџерите се потешки задачи. Се почнува со барање играчот да го втисне симболот на играта „Ф58“ на раката и да испрати фотографија со извршената задача. Потоа доаѓаат други задачи како гледање хорор филмови по цел ден, постепено самоповредување, повредување на животни, а ако сакаат да „победат“ во играта, „водачите“ им наредуваат на играчите да се убијат. Ова е многу слично на сценариото на американскиот филм „Nerve“. И таму станува збор за онлајн видео игра, која се емитува во живо, и бара од учесниците да одберат дали ќе бидат набљудувачи или играчи. Ако одберете да набљудувате, тогаш од вас се бара да платите доколку сакате да ги следите вашите омилени играчи. Оние кои ја одбираат втората опција, го ризикуваат својот живот за лајкови, следбеници и парични награди така што завршуваат различни задачи и предизвици.

Творецот на играта „Син кит“ која е реална и не е дел од филмско сценарио е Филип Будеикин кој бил уапсен во ноември минатата година и се наоѓа во злогласниот затвор Крести во Санкт Петербург. Руските власти тврдат дека тој наговорил 16 девојчиња да се убијат. Дваесет и едногодишното момче признало се за што го товарат и изјавил дека не му е жал заради тоа и дека всушност „го чистел општеството“.

loading...