Отворен е првиот воден парк за лица со попреченост

Во екот на летните горештини водните паркови низ светот се полни со деца и возрасни кои бараат забавен начин да се оладат. Благодарение на Morgan’s Inspiration Island во Сан Антонио, Тексас, на забавата можат да ѝ се приклучат и луѓето со посебни потреби!

0
136

Во екот на летните горештини водните паркови низ светот се полни со деца и возрасни кои бараат забавен начин да се оладат во врелите денови. Благодарение на овој неверојатен нов воден парк наречен Morgan’s Inspiration Island во Сан Антонио, Тексас, на забавата можат да ѝ се приклучат и луѓето со посебни потреби!

Познато е дека водните паркови, како впрочем и се друго, се недостапни за лицата со хендикеп, но Morgan’s Inspiration Island има за цел да го промени ова, бидејќи станува збор за првиот воден парк во светот дизајниран специјално за лицата со посебни потреби.

“Нашата цел е да обезбедиме одлично искуство за гостите во инклузивна, безбедна, удобна, не претерано преполнета атмосфера”, вели основачот на паркот, Гордон Хартман, кој го направил истиот во соработка и консултација со лекари, родители, наставници, терапевти за посебни потреби и старатели со цел да создаде земја на чудата која ќе им служи на луѓето со сите видови на попреченост.

Местото нуди алки кои им овозможуваат на родителите да ги лоцираат своите деца, а исто така обезбедува и специјални водоотпорни и непропусни инвалидски колички кои семејствата можат да ги изнајмат бесплатно. Секој дел од паркот е достапен за инвалидски колички и влезот за децата со “посебни потреби” е слободен. Паркот дури има можност брзо да ја смени топлината на водата, со цел да се приспособи на гостите кои се чувствителни на студ!

Овој воден парк го добил името по ќерката на сопственикот која е исто така лице со посебни потреби.

„Morgan’s Inspiration Island ветува дека ќе им даде на лицата со физички или когнитивни посебни потреби место кадешто можат да се појават и да играат без бариери”, порачал Гордон Хартман. „Тоа не е парк за специјални потреби, туку е парк на инклузивност“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]