Ова мора да го прочита секоја мајка која мисли дека не е добра мајка

За сите оние мајки кои мислат дека не се доволно добри и чувствуваат вина затоа што не се такви какви што би требало да бидат во согласност со мислењето на останатите, не е лошо да го прочитаа она што го објави на Фејсбук австралиската блогерка Констанс Хол, инаку, мајка на 4 деца

0
1883

Австралиската блогерка Констанс Хол им порачува на сите мајки кои понекогаш мислат дека не успеваат и дека не се доволно добри и чувствуваат грижа на совест затоа што не се такви какви што општеството смета дека треба да бидат да не се грижат за туѓите мислења. Таа објавила на Фејсбук неверојатно искрено писмо посветено на сите мајки кои се борат со сите негативни страни на родителството; од постпородилната депресија, преку неприфаќањето на сопственото тело после породувањето па се до предрасудите и критиките кои доаѓаат од другите родители.

Оваа 32-годишна мајка на четири деца, уметницата од Перт и авторка на блогот The not so secret life of us објавува интересни постови кои го привлекуваат вниманието на многумина, како што е случај и со овој наменет за мајките.

„За жената во паркот која гледа во мобилниот и ги игрнорира своите деца, те поздравувам. Затоа што не и е грижа за мислењето на јавноста дека би требало да е „вклучена“ 24 часа на ден. Затоа што не и е грижа што мислат групите на мајки кои се „дежурни полицајци“.

За жената која дома има купишта немиени садови и облека за перење, а сепак ќе излезе на кафе со пријателите. Да се биде добра мајка или жена или човечко суштество не значи да се поминува вечност во чистење на куќата.

За жената која трпеливо чека да и препишат антидепресиви, те поздравувам! Постопородилната депресија е подмолна мала гадура. Се уште се боиш со неа и преземаш нешто, немој да мислиш дека не преземаш ништо. Пречесто се мешаат поимите сила и слабост, а сила е кога ќе побараш помош. Ти си силна. Многу жени минуваат низ истото, но не зборуваат за тоа.

За жената која не ги изгубила наталожените килограми, те поздравувам. Потполно новата 24-часовна неплатена работа која нема да заврши следните 20-тина години не е добвар период да си скусиш од колачите. Изеди го колачето и опцуј го секој кој ќе се осмели нешто да ти каже. Твоето тело после породувањето не е наеднаш тука за да може секој слободно да го коментира. Многу љубов им испраќам на сите колешки-мајки чии денови се исполнети си подеми и со падови, но чии срца се се уште способни по цел ден да носат војска полна љубов. Овој пост ги воодушевил мајките на Фејсбук кои во коментарите почнале да пишуваат слични „поздрави“.

„За мајката која денеска мораше да им вика на своите деца, те поздравувам. Му помогна на целиот свет такашто ги научи децата на почитување и на последиците од непочитувањето“, напишала една мајка во коментарите.

„Како мајка на осум деца не можам да ви кажам колку е освежувачки да се прочитаат вашите зборови и да се помисли: „Еј, не сум лоша мајка. Последните 19 години изгледав мали човечки суштества“, напишала друга.

„За мајката која го напиша овој пост и ги ослободи сите жени кои чувствуваат вина заради сите овде опишани сценарија, те поздравувам!“, е еден од коментарите.

loading...