Пејачката признала дека го удира детето по газето

Откако американската пејачка Кели Кларксон признала дека повремено ја удира својата тригодишна ќерка по газето – родителите ја нападнале за физичко малтретирање

0
651

Неодамна една славна мајка призна дека понекогаш ја удира по газето својата тригодишна ќеркичка. Станува збор за американската пејачка Кели Кларксон која по оваа нејзина изјава која беше прогласена за контроверзна, беше нападната од родителите за физичко малтретирање на дете.

Инаку, Кели е мајка на четири деца. Таа и нејзиниот сопруг Брендон имаат две заеднички деца, тригодишната Ривер Роуз и едногодишното синче Ремингтон, а е помајка на Савана и Сет, деца од претходната врска на Брендон.

„Никогаш не преоѓам на нешто повеќе од удирање по газот, и под тоа не мислам на некое силно удирање, туку на обично плескање по газот“, признала 35-годишната пејачка во едно неодамнешно интервју и додала дека прво ја предупредува својата ќеркичка дека ако продолжи со своето однесување, ќе си добие по газот.

Таа признала дека како мала и самата знаела да добие по газот, но дека не гледа ништо лошо во тоа.

Додека едни застанале на нејзина страна, има и многу кои веднаш ја осудиле и ја обвиниле за физичко малтретирање.

Удирањето по газот ќе биде секогаш „жешка тема“ меѓу родителите и скеогаш ќе предизвикува полемики. Иако стручњаците се спротивставуваат на физичкото казнување, дури и кога станува збор за плескање по газот, кое може да има штетни последици за детето, Кели сигурно не е ниту прв, ниту последен родител кој го применува ова како дисциплинска мерка.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here